Ден пред да прошетам во Струмица на улица, бев и во Пробиштип. Наспроти канцеларијата каде имав состанок, еден убаво уреден двор ми го привлече вниманието.
Кога таму ги видов и кактусите, Воајерот во мене се разбуди и веднаш ги направив овие две фотографии...
Нешто подоцна се запознав и со љубезните сопственици на овој двор, кои во оваа прилика ги поздравувам.
Најголемиот љубител на кактуси и сукуленти меѓу нив е Милица. Во продолжение овој запис ќе го красат фотографии од нејзините миленици погледнати и од поблиску...
Благодарам Милица!
No comments:
Post a Comment