2/03/2011

Чувар во снегот

За сукулентите од родот Sempervivum, кои кај народот најчесто се познати како Чувар на куќа, може да се каже дека во споредба со сите други, најдобро го поднесуваат студот. Дека e тоа навистина така, говори и фотографијата која ја направив кај моите на почетокот на јануари оваа година. Во снегот може да го видите Чуварот на куќа кој мајка ми го има засадено во дворот.

Photobucket

Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговрка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“.

Во медицината сокот од овој сукулент се употребува против изгореници, херпес, хемороиди, чиреви…тинктура од него се употребува како препарат против воспаление на грлото. Во народот е познат и како лек за болка во ушите…се прекршува едно ливче и се капнува една до две капки во болното уво.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...