Третата и последна епизода од рекламната кампања “Run Cactus Kid Run” на the Coca-Cola Company за својот негазиран пијалок Oasis е со наслов “Motel“, која е продолжение на првите две “Pregnant“ и “Diner“.
Cactus Kid е лик инспириран од James Dean и Steve McQueen. Тој е половина човек, половина кактус, има мистериозно и нејасно минато и никогаш не зборува. Во бегство е со неговата трудна девојка Cactus Girl...
Cactus Girl е 20 годишна млада девојка од мало гратче, која го сретнува Cactus Kid. Тој ја сака неа, но не сака вода. Таа забременува од него, по што двајцата бегаат со цел да започнат нов заеднички живот. Но слободата не е нешто што еден несреќен пар може да го купи во продавница...
No comments:
Post a Comment