7/02/2010

Пустинскиот на Мартина

"...Сите цветаа...со бели прекрасни, нежни пустински цветови...
...еден со цвет – друг со цвет, трет со два цвета...а еден од нив ме почести со 5 цвета...бели нежни пустински цветови...ги сликав и им се љубував ко на мали дечиња...недела...утрово моите цветови ги видоа неколкумина...и јас ги подарив...заедно со кофичките од сирење и крем...но остана мојот кактус – и неколку негови бебчиња...цветовите веќе умираат – прецветуваат ...
ЕДЕН ДЕН помина...но тие ја пренесоа својата порака до мене...јас не знам што сакаа да ми кажат – но знам дека е нешто нежно, убаво, таинстевено, несекојдневно и прекрасно ко пустинските цветови..."
Овој текст е извадок од еден запис на Мартина. Станува збор за интересна приказна за нејзиниот кактус и неговите цветови, напишана пред три години...ви ја препорачувам...во целост може да ја прочитате овде.

Во меѓувреме кактусот од приказната (топче полно инает за преживување, како што таа го нарекува) кој е од родот Echinopsis бил сокриен од студот и заборавен во подрумот. Кога пред некое време го нашла таму, го изнесла надвор и не поминало долго време, а тој ја наградил со овој убав цвет...

Photobucket

...има и нови пупки, спремни за цветање...

Photobucket

Освен од нејзиниот кактус Мартина ми испрати и фотографии од кактуси и сукуленти направени кај мајка и која е голем љубител на кактуси. Нив ќе ги видите во некоја од следните приказни...

Благодарам Мартина!

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...