4/08/2009

Закоренување во вода

Ова е период кога кактусите се пресадуваат, размножуваат...доколку сакате да се обидете (јас пробав од љубопитност и ми успеа со кактус од родот Opuntia и сукулент Euphorbia lactea) да закорените израсток или резник од кактус на (кај народот) најраспространетиот начин (на кој се закоренуваат цвеќињата), односно во вода, еве како да го направите тоа.

Притоа ви препорачувам пред да ги ставите во вода, резникот или одделениот израсток да ги оставите неколку денови да се засушат. Долниот дел треба да биде постојано во вода. Кога ќе израснат коренчиња посадете го во супстрат за кактуси.

Photobucket

Доколку сте љубопитни како мене може да го пробате овој начин на закоренување. :-)

Сепак јас ви препорачувам кога ги размножувате вашите кактуси и сукуленти, по одрежувањето или одделувањето на израстокот од примарната билка да не ги закоренувате во вода, туку само да ги оставите да се засушат (залечат) и после тоа да ги засадите. За тоа во зависност од временските услови и дебелината на одрежаните делови, е потребно од 10 до 45 денови. Раната треба да се залечи, пред да ја засадите билката. Одрежаните делови треба да се чуваат на темно и топло место, никако директно изложени на сонце. Треба да да се садат во сув супстрат и откако ќе се посадат, не треба да се полеваат во следните 2-3 недели. Младите израстоци по одвојувањето не треба да се садат барем една недела.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...