6/16/2011

Проблемот на Александра

Пред десетина дена Александра Димоска ми го испрати овој маил...
Здраво, јас сум Александра, имам голем проблем со моите кактуси и би Ве замолила доколку можете да ми помогнете со совет.
Голем дел од кактусите почнаа да ми скапуваат, сите на ист начин скапувајќи од коренот нагоре. Во прилог испраќам некои слики да погледнете како изгледа.
Однапред Ви благодарам.
 Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Проблемот на Алексдандра е навистина голем и затоа со нејзина дозвола го споделувам и со вас (заедно со фотографиите кои ми ги испрати), со цел (како што и таа кажа) да ви биде од корист и на вас доколку се соочите со ваков проблем или сличен на него.

Како и сите други билки и кактусите и сукулентите се подложни на болести, најчесто предизвикани од габички и вируси. Тие пред се, се развиваат во услови на зголемена влажност на земјата и воздухот. Основен предуслов за успешна борба со овие болести е нивното правовремено откривање.

Кај кактусите на Александра имаме случај на болест која предизвикува трулежно распаѓање на коренот и базниот дел. Оваа болест се шири многу брзо. Ако ја откриете кај вашите кактуси и сукуленти, треба веднаш да го отстраните болното, заедно со околно здраво ткиво. Билката потоа треба добро да се засуши, повторно да се засади и залее со раствор на Previkur или некој друг фунгицид.

Повеќе за болестите кои најчесто се јавуваат кај кактусите и другите сукуленти може да прочитате овде.

Благодарам Александра.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...