Senecio rowleyanus (Сенецио роулианус) изгледа баш како што и звучи неговото народно име (String of Pearls), тркалезни сукулентни (сочни) листови распоредени на тенки обесени стебла. Листовите повеќе му личат на зрна грашок, отколку на бисери, но дефинтивно станува збор за скапоцен сукулент.
Сукулент на денот 165/11 е...
Senecio rowleyanus
Фамилија: Asteraceae
Род: Senecio
Вид: S. rowleyanus
Народно име: String of Beads, String of Pearls, String-of-Peas
Потекло: Југозападна Африка
Боја на цветот: Бела
Сезона на цветање: Есен-пролет
Должина: 60-90 cm
Род: Senecio
Вид: S. rowleyanus
Народно име: String of Beads, String of Pearls, String-of-Peas
Потекло: Југозападна Африка
Боја на цветот: Бела
Сезона на цветање: Есен-пролет
Должина: 60-90 cm
Одгледување:
Убавината на овој сукулент најмногу доаѓа до израз кога е засаден во висечки саксии. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места на кои се изложени на директно сонце или во блага сенка. Се препорачува негово пресадување на секои 2-3 години. Се полева редовно. Притоа, пред следното полевање супстратот се остава да се исуши. Во зима полевањето се редуцира и се полева само повремено. Во зимскиот период овој сукулент преферира температура од околу 10°C, но може да толерира и температури под 7°C.

Размножување:
Со семе и со режење на гранчиња и листови.
Со семе и со режење на гранчиња и листови.
Надворешен линк: Овде
Топчестите листови на овој сукулент се сметаат за отровни ако се проголтаат. Доколку имате домашни миленици, чувајте го подалеку од нив!
Еден Мачо кактус може да видите овде. Него, заедно со уште 89 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment