5/09/2012

ОГЛАС: Се бара цимерка

Кон крајот на март оваа година, во Босна бил објавен интересен студентски оглас со прилично голем број на услови кои требало да ги исполнува потенцијалната цимерка која се барала со него. Еве како гласел огласот:

Се бара цимерка на подолг временски период, од некој од потешките факултети, да не е апсолвент, ни бруцош, природните науки имаат предност, да има многу за учење и да нема време за денгуба, тивка и мирна личност, непушач, да не гледа ТВ, да не виси на интернет по цел ден, да е добар хигиеничар, да не хрчи како коњ додека спие...воглавно, личност на која и одговара куќен ред кој во целост може да го прочитате на fakulteti.mk.

Огласот испровоцирал интерес само кај една мумија и еден кактус. Претставувањето на мумијата може да го прочитате на fakulteti.mk, а на кактусот во продолжение:

Почитувана,
Јас сум собен кактус. Барам цимер или цимерка за постојано. Благодарна билка сум, немам некои посебни барања. Треба да ме полевате еднаш на неколку месеци. Не слушам гласна музика бидејќи немам на што да ја слушам. Боцки имам но бидејќи гледам дека ти не си личност за блиски односи, тоа нема да биде никаков проблем. Ако случајно се боцнеш, до тебе е. Од работи имам само една саксија, онака смеѓа. Не ми треба голема соба, само да не сум покрај радијаторот бидејќи не ми одговара таму. Невработен сум моментално и немам никакви трошоци. Мислам дека треба да компензираме со полевањето, бидејќи нема да користам ништо за туширање и перење на облеката. Гости не ми доаѓаат никогаш. Не можам исто така да ги трескам вратите. Еднаш годишно процветувам, се надевам дека тоа нема да биде проблем?!
Подолу може да видите и моја фотографија.
Поздрав,
Кактус

Photobucket

Сеуште не е познато дали и кој од нив бил избран. :-)

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...