Вашите кактуси и сукуленти повторно ја збогатуваат и разубавуваат мојата КАКТУСАРНИЦА. Вечерва тоа се фотографии од албумот на Сашко Стефановски од Кочани.
Бидејќи нема услови за повеќе, моментално тој во својата колекција има околу 100 кактуси и сукуленти од 15 различни видови.
Сашко кактусите и сукулентите не ги чува само за себе, тој нивната убавина несебично ја споделува. Освен овие осум фотографии кои со негова дозвола имате можност да ги видите овде, неговиот албум “...Кој не видел, нека гледа“ во целост може да го разгледате во групата КАКТУСАРНИЦА на Facebook.
Благодарам Сашко!
No comments:
Post a Comment