Венци е уште еден голем љубител на кактуси и сукуленти. Во својата атрактивна колекција има околу 50 различни видови. Освен кактуси и сукуленти одгледува и други цвеќиња и (како што тој вели) куќата му е полна со зеленило и боцки.
Во својот албум има преку 130 фотографии (која од која повпечатлива) од неговите миленици. Денес со негова дозвола неколку од нив ќе ја красат и мојата КАКТУСАРНИЦА.
Повеќе фотографии од неговиот албум може да видите во групата КАКТУСАРНИЦА на Facebook.
Благодарам Венци!
Доколку сакате и вашите кактуси и сукуленти да го разубавуваат просторот на КАКТУСАРНИЦА, фотографии може да ми праќате на kaktusarnica@gmail.com
No comments:
Post a Comment