12/26/2010

Змијарник, волуме 3

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Кога сме кај змиите и змијарниците....
Секоја година на 22 март, кога се слави христијанскиот празник Младенци, селаните од Орман го одбележуваат и денот на првата змија или змијарник, како што го нарекуваат. Досега не се случило да не се појави змија на овој ден. И на снег сме ја наоѓале. Прва се појавува отровницата шарка, но интересно е тоа што досега не се случило на змијарник некој да биде каснат. На овој ден со години сите се собираат во дворот на селската црква. Тогаш неколкумина селани, рано в зори одат на блискиот рид Краставец да најдат змија, со жива шарка околу вратот влегувале во црквениот двор меѓу соселаните, кои со нетрпение ги чекаат. Мештаните потоа на земја ставаат разни делови од облека и ја пуштаат змијата да помине.
Се верува дека низ оние алишта низ кои ќе мине змијата ќе ги растури лошите магии, а сопствениците ќе ги следи среќа. Во црквата цел ден ечат тапани и зурли, а орманци играат до доцна попладне. Црковниот одбор за прославата на Младенци обезбедува музика и посна храна за сите гости, а свештениците држат света литургија.
Повеќе за Денот на змиите може да прочитате кај Крале Марко.

Поврзани записи:
Змијарник
Змијарник, #2

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...