На денешен ден пред точно една година и еден час сум ја отворил мојата КАКТУСАРНИЦА.
Драго ми е што во изминатиот период (некогаш повеќе, некогаш помалку) содржините во неа го привлекуваа Вашето внимание и со тоа КАКТУСАРНИЦА полека станува место каде што можат да навратат сите оние кои ги одгледуваат, проучуваат или само ја задоволуваат својата љубопитност и им се восхитуваат на кактусите и другите сукулентни билки и се друго што на овој или на оној начин е поврзано со нив.
Ви благодарам на сите што дадовте свој придонес преку споделување на Вашите искуства, знаења, информации, прашања...и фотографии од Вашите миленици.
Иако имаше моменти кога бев мрзлив :-) или немав многу слобoдно време, сепак бројката од 227 постови покажува дека сум бил прилично присутен и активен во изминатата година. Од тоа како корисно четиво Ви препорачувам да прочитате: Кактуси, основни информации, Сукуленти, Полевање, Болести, Размножување, Супстрат (Земја). Погледнете ги и серијалите: Кактус/Сукулент на денот, I heart you, Вашите кактуси и сукуленти во мојата КАКТУСАРНИЦА, Видео лекција. За се што треба да направите за Вашите кактуси и други сукуленти во текот на овој месец и месеците кои следуваат може да видите во Календарот за кактусари/ки.
Освен овде, КАКТУСАРНИЦА може да ја сретнете и на Blogger каде повремено реобјавувам дел од постовите и на Facebook и MySpace каде може да им се придружите на отворените групи.
Со оглед на тоа дека станува збор за роденден, а надвор веќе мириса на лето, намето торта овојпат ќе Ве почестам со сладолед...
No comments:
Post a Comment