5/18/2009

Пејоти

На барање на ми текна, денеска во КАКТУСАРНИЦА еден по многу нешта популарен кактус. Меѓу другото тој е тема и на есејот "Врати на перцепција (The Doors of Perception)" од Aldous Huxley, а токму овој есеј го инспирирал Jim Morrison да и го даде името на својата група The Doors.

Кактус на денот 138/09 е...

Lophophora williamsii

Photobucket

Пејоти (Peyote) е мал кактус без стебло. Со векови се користи поради психоделичните ефекти кои ги предизвикува при неговото внесување.Од цветовите на кактусот понекогаш се развиваат розеви овошки, кои личат на феферонки и имаат сладок вкус. Растението има мали, црни семки на кои им треба влажност и топлина за да изртат, што е и една од причините за тоа што се поретко може да се најде на своите природни наоѓалишта. Нивниот број се намалува и поради нивната комерцијална експлоатација. Пејоти содржи многу типови на фенетиламин алкалоиди, од кои најзастапен е мескалинот. Сите видови од родот Lophophora во природа растат многу полека, често им се потребни и до триесет години додека да почнат да цветаат (до тој момент без коренот имаат големина колку едно голф топче). Додека оние видови кои ги одгледуваат луѓето растат значително побрзо. Вообичаено им се потребни шест до десет години од никнувањето додека да ги дадат првите цветови. Поради многу спориот раст на Пејоти и прекумерното берење, се смета дека постои опасност од истребување на овој кактус.

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii
Народнo имe: Peyote, Mescal Button, Dumpling Cactus, Peyotl, Jiculi
Синоними: Echinocactus lewinii, Lophophora williamsii var. lutea, Echinocactus williamsii var. luteus, Mammillaria lewinii, Lophophora williamsii var. lewinii, Lophophora lewinii, Anhalonium lewinii, Lophophora jourdaniana, Lophophora diffusa ssp. fricii, Peyotl zacatensis var. fricii, Lophophora fricii, Lophophora williamsii var. echinata, Lophophora echinata, Lophophora lutea, Mammillaria williamsii, Anhalonium williamsii, Lophophora williamsii var. fricii
Потекло: Тексас и Ново Мексико во САД и централниот дел на Мексико
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Мај до Септември
Висина: до 6 cm
Дијаметар: до 12 cm

Photobucket

Одгледување:
Овој кактус расте добро во секој супстрат со добра дренажа. Се одгледува на места кои се директно изложени на сонце. Освен во зимскиот период бара редовно полевање, при што супстратот се остава целосно да се исуши помеѓу две полевања. Минималната темепература на која е препорачливо да се чува во текот на зимата е 8 °C, а во краток временски интервал може да толерира и пониски температури.

Размножување:
Се размножува со семе и од израстоци.

Надворешен линк: Oвде

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...