Од денеска во КАКТУСАРНИЦА, покрај Календар за кактусари/ки, Корисно четиво и Анкета, во менито на страници може да најдете уште една, КАКТИПЕДИЈА.
КАКТИПЕДИЈА е енциклопедија на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити (xerophyte – растенија кои можат да поднесат долготрајни суши) кои се презентирани во КАКТУСАРНИЦА како дел од серијалот Кактус/Сукулент на денот.
До овој момент со КАКТИПЕДИЈА се опфатени 34 видови (освен основните видови, дополнително се опфатени и некои од нивните најпопуларните сорти и хибриди) од 23 различни родови. Паралелно со објавувањето на нови записи во серијалот Кактус/Сукулент на денот и КАКТИПЕДИЈА во иднина континуирано ќе се дополнува.
No comments:
Post a Comment