11/12/2008

Пустинска рoза

Ова мало дрво е познато како Mock Azalea, Impala Lily, Sabi Star, Kudu или Desert-rose. Потекнува од Источна Африка и Јужна Арабија, од регионите каде има чести врнежи во текот на летото, но е и многу суво во текот на зима.

Сукулент на денот 317 е...

Adenium obesum

Photobucket

Фамилија: Apocynaceae
Род: Adenium
Вид: A. obesum
Народнo имe: Sabi Star, Kudu, Desert-rose
Синоним/и:
Потекло: Источна Африка и Јужна Арабија
Боја на цветот: Црвена/розева
Сезона на цветање: Пролет и по вторпат во септември
Висина: до 1,5 m

Одгледување:
Супстратот во кој се одгледува и полевањето е исто како и кај кактусите. Помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Во зимските месеци само повремено треба да се полева со мала количина на вода. На почетокот на зимата, (освен ако се чува во идеални услови), му паѓаат листовите. Минималната температура на која треба да се чува во текот на зимата е 10°C.

Размножување:
Се размножува со семе или со режење...најдобро време за тоа и во двата случаи е пролет.

Надворешен линк: Овде

Внимание! Сите делови на Пустинската роза се отровни.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...