Крајот на годината е период кога се организираат разно, разни избори...во тој контекст решив и јас во мојата КАКТУСАРНИЦА да организирам избор на Кактус/Сукулент на 2008 година. Од отворањето на блогот до денес преку серијалот Кактус/Сукулент на денот, Ве запознав со изгледот, имињата и други информации поврзани со 26 различни сукулентни билки.
Листата од која треба да го направите изборот е малку подолга, но сепак решив да ги ставам сите досега објавени...па ако не Ве мрзи и притоа сте подготвени да се изложите на ризик да научите уште нешто ново за кактусите и сукулентите, може да ги погледнете повторно и да гласате за Вашите фаворити!
Поединечно секој од нив може да го видите со кликање врз името, а сите одеднаш доколку кликнете овде.
Гласањето ќе заврши на 15.01.2009 во 23.59.
No comments:
Post a Comment