На мое големо задоволство друштвото на одгледувачи и љубители на кактуси постојано се зголемува. Емона од Прилеп ми испрати маил со неколку фотографии во кој вели дека мојата КАКТУСАРНИЦА и била инспирација пред извесно време да почне да одгледува кактуси. Според нејзините зборови...таа (засега) има скромна колекција која ја прави многу среќна. За вниманието што им го посветува, дел од кактусите кои ги има ја наградиле со цветови.
Во продолжение неколку фотографии од нејзината колекција...
Благодарам Емона, поздрав до тебе и Диме!
No comments:
Post a Comment