Showing posts with label зима. Show all posts
Showing posts with label зима. Show all posts

2/03/2012

Снегулки од небо паѓаат

Ситни и во мал број, но надвор сеуште упорно паѓаат. Еве ги паѓаат и во КАКТУСАРНИЦА...


Ова “снежно“ видео е направено пред две години во Остин (Тексас). Во паѓањето на снегулките и снежната идила која е прикажана преку него, уживаат и неколку кактуси и сускуленти.

2/03/2011

Чувар во снегот

За сукулентите од родот Sempervivum, кои кај народот најчесто се познати како Чувар на куќа, може да се каже дека во споредба со сите други, најдобро го поднесуваат студот. Дека e тоа навистина така, говори и фотографијата која ја направив кај моите на почетокот на јануари оваа година. Во снегот може да го видите Чуварот на куќа кој мајка ми го има засадено во дворот.

Photobucket

Постои верување дека Чуварот на куќа штити од громови, болести и вештерки. Во една народна поговрка се вели “Подобро Чувар на куќа на куќата, одколку две кучиња пред неа“.

Во медицината сокот од овој сукулент се употребува против изгореници, херпес, хемороиди, чиреви…тинктура од него се употребува како препарат против воспаление на грлото. Во народот е познат и како лек за болка во ушите…се прекршува едно ливче и се капнува една до две капки во болното уво.

2/02/2011

Кактусите и сукулентите во февруари

Февруари е месец кога кактусите сеуште се во зимски сон.

Порано кога се препорачувало кактусите да се полеваат, овој месец бил познат како месец на смртта“. Но, доколку ги почитувате современите препораки (да ги оставите Вашите билки да презимат во сув супстрат), сега таа опасност веќе ја нема.

Ако кактусите во овој период ги чувате на собна температура, препорачливо е еднаш месечно да ги освежите со мала количина на вода.

Повеќе може да прочитате во Календар за кактусар(к)и.

2/01/2010

“Месец на смртта“

Февруари е месец кога кактусите сеуште се во зимскиот сон. Порано кога се препорачувало да се полеваат, овој месец бил познат како “месец на смртта“ за кактусите. Но сега, доколку ги почитувате современите препораки (да ги оставите Вашите билки да презимат во сув супстрат), таа опасност веќе ја нема. Ако ги чувате кактусите на собна температура, препорачливо е еднаш месечно да ги освежите со мала количина на вода.

Photobucket

Повеќе за активности карактеристични за овој период од годината може да прочитате во Календарот за кактусари/ки за месец Февруари.
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...