Showing posts with label пијалок. Show all posts
Showing posts with label пијалок. Show all posts

9/20/2011

Сите дејства на Aлое вера

За Aloe vera веќе пишував, а во неколку наврати и пренесов текстови кои ги среќавав низ македонските портали, а се однесуваа на неговите лековити својства и неговата хранлива вредност. Денес во Вест наидов на уште еден интересен текст, од кој меѓу другото може да научите и неколку корисни рецепти за напитоци со Алое вера. Во продолжение ви го пренесувам текстот во целост...
Заради хранливата вредност и лековитите својства, алое верата ја нарекуваат кралица на лековитите билки. Веќе 2500 години човештвото ги познава нејзините драгоцени својства. Ја користеле индијанците од средна и јужна Америка. Традиционално ја земале и за мачнини во желудникот, артирисот, дијабетисот и ослабениот имунитет од долготрајни болести.

Photobucket

Алое верата ја чува младоста и витоста. Научниците докажале дека гелот алое содржи повеќе од 240 хранливи и лековити состојки, меѓу кои и витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц, и Е. Содржи и повеќе од 20 минерали, седум од осумте есецијални киселини и 14 неесенцијални аминокиселини.

Напитоци за слабеење
Алое верата, заедно со овошјето делува како вистинско средство за слабеење. Во таа комбинација не доаѓа до напад на глад, затоа што организмот ги добива потребните витамини и минерали.
* Во текот на денот напијте се по два пијалока со алое вера, ваше е да одберете кој. Идеално време : наутро на празен желудник, навечер пред спиење или 2 часа по јадење.
* Пред, за време и по оброкот напијте се 2-3 литри вода.

Фрапе од смокви
Ако имате проблеми со варење, ова е идеален пијалок. Има лесно дијаретично делување, го јакне желудникот и ја ослободува работата на цревата.
* Измиксајте: 3 големи свежо излупени смокви, 50 милилитри сок од алое вера, една лажичка мед и 10 грама инстант интегрални овесни снегулки. Напитокот можете да го освежите со минерална вода.
* Содржи: 150 калории, 1 грам маснотии, 30 грама јаглехидрати, 3 грама белковини

Пијалок од грепфурт и ѓумбир
Алое верата ги излачува отровните материи од телото, ѓумбирот го разбудува метаболизмот, а витаминот Ц од грепфуртот и од лимонот го поттикнува согорувањето на калориите.
* Измиксајте: два до три грејпфурта и пола лимон, 20 грама изрендан ѓумбир и 50 милилитри сок од алое вера.
* содржи: 150 калории, 1 грам маснотии, 20 грама јаглехидрати, 2 грама велковини.

2/14/2011

Љубов, вино и кактуси

Во чест на Св. Трифун и Св. Валентин, денес КАКТУСАРНИЦА ви покажува малку љубов...

Photobucket

...и ве почестува со вино направено од ферментиран џус од плодови (Prickly pears) од кактус од родот Opuntia и од Змејови плодови...

PhotobucketPhotobucket
Photobucket

Плодовите од кактусите годинава нека бидат поблаги, а бочвите уште пополни со вино! :-)

1/28/2011

Текила

Текила е мексикански национален алкохолен пијалок. Како се пие, претпоставувам дека повеќето од вас знаат, но бројот на тие кои знаат како и од што се прави е веројатно многу помал.

Photobucket

Текила се добива од сукулент од родот Agave, поточно од видот Agave tequilana, кој е познат и како blue agave, tequila agave, mezcal или maguey. Повеќе за процесот на правење на текилата, може да дознаете ако го погледнете видеото...

12/25/2010

Cаctus Martini


Cаctus Martini без кактус во него :-)

3/02/2010

Роденден ми е...

...торта и пијачка за сите кои денес ќе наминат во мојата КАКТУСАРНИЦА...

Photobucket

Photobucket

...подароците оставајте ми ги во коментари! :-)

1/25/2010

Вечера со Oasis

По епизодата Pregnant во КАКТУСАРНИЦА и втората епизода “Diner“ од рекламната кампања "Run Cactus Kid Run" на the Coca-Cola Company за својот негазиран пијалок Oasis.

7/21/2009

Пиво-фест

Според информациите кои ги пренесе дневниот весник Вест, во саботата гаќите на Севе го запалија Прилеп...

Во гасењето на пожарот кој таа го предизвикала, на прилепчани им се придружиле и 100.000 други посетители на “Пиво-фест“, кои во таа акција потрошиле рекордни количини на ладно пиво и скара...

Photobucket

4/10/2009

Во земјата на Текилата

Tаму некаде во Мексико...сопствениците на плантажи со Агаве - сукулент од кој се прави познатиот алкохолен пијалок Текила (Tequila), за да ги заштитат од разни натрапници, ги заградуваат со кактуси...

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...