Showing posts with label садење. Show all posts
Showing posts with label садење. Show all posts

4/25/2010

Стар велосипед

Старите работи кои ги имате по дома може да ги искористите и да ги претворите во атрактивни саксии за вашите сукулентни билки. Еве како стариот велосипед да го претворите во една таква уникатна саксија...

Photobucket

3/28/2009

Две слатки кактусарки

Поради многу ниските темератури кои ги има во текот на зимата, во Македонија катусите и другите сукуленти ретко може да се сретнат директно засадени во дворовите.

И покрај тоа, вреди да ја проследите Видео лекцијата во која Анабел и Лиса, две слатки кактусарки на многу симпатичен начин, чекор по чекор ќе Ви покажат како се садат кактуси и сукуленти во двор...уживајте!

3/12/2009

Како да посадите кактус?

Во предходната Видео лекција познатата кактусарка од Expert Village Ви покажа како да одделите израстоци од примарната билка, како една фаза од размножувањето на Вашите кактуси.

Денеска Ви нудам можност, повторно со нејзина помош да научите како тие израстоци потоа да ги посадите.

5/26/2008

Размножување

Дали некогаш сте се запрашале кој е најдобриот начин за успешно размножување на кактусите и другите сукуленти? Најчести начини на размножување се:
- со режење;
- од израстоци;
- од семе.

Добра вест е тоа што кактусите и сукулентите се размножуваат релативно лесно. Поради тешките услови во кои живеат, тие развиле техники на преживување кои им овозможуваат лесно вкоренување. Може да произведете многу млади кактуси или сукуленти од само една билка!

Со режење е лесно да се добие нова билка. Размножувањето на кактусите на овој начин, овозможува добивање на возрасна билка за пократко време отколку што таа би се добила од семе.

Photobucket

Photobucket

Се одрежува дел од здрава билка. Притоа, треба да се користи чист, по можност стерилизиран нож или скалпел. Одрежаните делови треба да се остават да се исушат пред да се засадат. За тоа, во зависност од временските услови и дебелината на одрежаните делови, е потребно од 10 до 45 денови. Раната треба да се залечи, пред да ја засадиме билката. Одрежаните делови треба да се чуваат на темно и топло место, никако директно изложени на сонце. Треба да да се садат во сув супстрат и откако ќе се посадат, не треба да се полеваат во следните 2-3 недели.

Некои кактуси и сукуленти даваат многу млади израстоци. Во тој случај, таквата билка може да се размножи на едноставен начин, со тоа што израстоците ќе се одвојат од примарната билка и ќе се засадат во друга саксија.

Photobucket

Photobucket

Самите израстоци многу често веќе имаат формирано корења и треба само внимателно да се одвојат. Младите израстоци по одвојувањето не треба да се садат барем една недела. Во случај израстокот да нема формирано корен, треба да се остави да се суши се додека не се појават корења. Не треба да се грижите доколку на младиот израсток му недостига храна и вода, бидејќи повеќе ќе му штети ако веднаш го посадите. По садењето билката не треба да се полева во следните десетина дена. Првото полевање по садењето не треба да биде обилно, туку само толку, колку супстратот да биде влажен. Подоцна, треба да се полева дури откако земјата добро ќе се исуши.

Најпредизвикувачкиот начин на размножување на кактуси и сукуленти е со семе. Иако овој начин бара многу труд, со сеење на семе може да добиете голем број на млади и што е уште побитно здрави билки.

Нека Ви се множат!

Извор: CactusInfo

5/14/2008

Кактуси, основни информации

Според изгледот, кактусите целосно се разликуваат од билките кои се околу нас и на кои сме навикнале. Тие на некој начин делуваат вонземно. Наместо гранки и листови имаат само меснато стебло, а листовите им се преобразени во боцки и влакненца чијашто улога е одбрамбена: од пресилното сонце или животните. Процесот на фотосинтенза се одвива во стеблото. Во зависност од видот, цветаат во различни периоди од годината, но најголем дел од нив цветаат во пролет. Цветовите им траат од неколку часови до 10-12 денови, во зависност од видот.

Photobucket

Секој што ги одгледува или планира да започне со одгледување на кактуси, мора да ги има овие неколку основни информаци.

Важно е да имаме здрави, убави билки, способни за цветање, репродукција и долг живот. Затоа треба да им обезбедиме што пооптимални услови. Особено битни се четири услови за тоа: топлина, количина на светлина, состав на земјата (супстрат) и режим на полевање.

Кактусите сакаат топлина, но најголем дел од нив сепак сакаат благо засенување. Бидејќи им годи престојот на отворен простор, во текот на летото ги изнесуваме надвор, притоа обезбедуваме заштита од дожд, бидејќи поројните дождови можат да го исфрлат супстратот од саксијата. Од друга страна, долготрајните дождови и летните заладувања кои траат повеќе денови, можат штетно да делуваат на нив.

Кактусите не сакаат “мокри нозе“. Супстратот мора да биде водопропустлив, односно исцедлив. Затоа секогаш во супстратот, освен тресет и шумска земја, се додава и околу 30% испран песок и изситнета цигла (1-5 mm). Кактусите ги садиме во мали, плитки, пластични саксии, темносиви (најдобро) или црни. Провидните и белите треба да се избегнуваат. Се разбира, во предвид доаѓаат и керамички или украсни, само да не бидат преголеми. Младите билки ги пресадуваме секоја година, а постарите секоја втора година и тоа во февруари, пред почетокот на вегетацијата, или на крајот на јули, во време на летната стагнација на прирастот.

Пред садењето, билките не ги полеваме 7-8 дена, ги вадиме од старите саксии и го истресуваме стариот супстрат. Оштетените корени ги скратуваме и при повторното садење внимаваме врвовите на корењата да не бидат свртени нагоре. Ако е потребно билките ги пресадуваме во еден број поголеми саксии и тоа само ако бликата ги надраснала надворешните димензии на саксијата. Супстратот благо го притискаме или само ја стресуваме саксијата. Пресадените билки не ги полеваме во следните 5-7 дена.

Во зима кактусите треба да бидат сместени во светли простории со температура од 5-8°C. Ако во текот на зимата кога има сончеви денови, се случи температурата да надмине 15°C, треба да ги отвориме прозорите и да проветриме. Доколку кактусите во текот на зимата престојуваат во простории со температура од 5-8°C, не ги полеваме воопшто од октомври па се до почетокот на март. Доколку кактусите се држат во дневната соба, треба да се приближат до јужниот или источниот прозор и еднаш на 20-30 денови да им додаваме една до две лажици вода за малите, односно половина филџан за големите кактуси. Ако ги полеваме со поголема количина на вода, ќе почнат да растат. Тоа не смее да се дозволи, бидејќи поради недоволната количина на светлина ќе дојде до нивна деформација.

Во пролет кактусите ги будиме со оросување со млака вода, најмалку 2-3 пати во период од еден до два дена, во зависност од температурата, па дури потоа обилно ги полеваме со вода. И оросувањето и полевањето се прават наутро до 9 часот, за да можат билките до крајот на денот да се исушат, а супстратот да се процеди. Пролетните полевања се поретки, на 7-10 денови, летните на 4-7 денови, а во есен повторно се проретчуваат, на 10-15 денови.

Сите билки, па и кактусите имаат период на мирување. За најголем дел од нив, тоа е времето од октомври до март.

Извор: Svet Biljaka
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...