Showing posts with label боцки. Show all posts
Showing posts with label боцки. Show all posts

8/19/2010

Линдзи Лохан се боцнала

Контроверзната Линдзи Лохан деновиве е актуелна со финасиските понуди кои ги добива за да открие ексклузивни детали од времето кое го помина зад решетки. Магазинот ОК и понудил дури еден милион долари за првото пост-затворско интервју.

Но вечерва таа во КАКТУСАРНИЦА не е поради тоа, туку поради една мала непријатност која и се случила во март оваа година кога повеќе беше актуелна како инвентар низ клубовите во Лос Анџелес.

Имено, додека пристигнувала на приватна забава во куќата на свој пријател изгубила рамнотежа и пред објективите на папараците кои биле околу куќата, паднала и завршила во едно големо бодликаво Agave americana 'Marginata'...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

За да се оправда пред своите обожаватели дека овој засрамувачки момент не бил резултат на алкохолот, Линдзи тогаш на Tweeter напишала:
Само јас може да бидам турната врз големо остро растение од луди папараци!!! Мора да започнам почесто да носам балетанки.

8/07/2010

Најубави и најдолги

Кактусите сега имаат најубави и најдолги боцки, се појавуваат густи билни влакна…

Кај оние кактуси кои расцветале, цветовите полека ги снемува, но затоа има се повеќе плодови.

Photobucket

Што друго е карактеристично за овој месец од годината кога се кактусите и сукулентите во прашање, може да прочитате во Календар за кактусар(к)и.

5/19/2008

Календар за кактусари/ки: Мај

Во овој месец кактусите се во полна вегетација. Вегетационите врвови им се сјајни, кај секоја билка се појавуваат нови боцки, а кај многу од нив и цветови. Доколку некоја билка не расте, треба да го прегледате коренот.

Главна потешкотија во овој месец се честите заладувања. Во тие денови мора многу внимателно да ги полевате кактусите, за да не се случи во период на нагло заладување, супстратот да биде многу влажен. Во текот на тие неколку ладни денови и ноќи може да се случи, доколку има претерана влажност на супстратот да изгинат сите млади жили на коренот. Во тој случај билката ќе престане да расте се додека повторно не се обноват корењата, за што е потребно многу време. Секој ден добиен во текот на пролетта, во есен донесува поголем прираст.

Ова е период кога може да се пикираат младите билки израснати од семе. Кога времето е топло може да се изврши и калемење на млади и стари билки. Со оголед на тоа дека поради променливоста на времето ова е период кога можат да се јават болести, билките треба секојдневно да се контролираат и доколку се воочат знаци на габични болести, веднаш да се прскаат со фунгицид. Никогаш не треба да се прска во време кога билките се загреани од сонцето.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...