Showing posts with label компјутер. Show all posts
Showing posts with label компјутер. Show all posts

2/17/2010

Вистината за влијанието на компјутерите врз кактусите

Пред некој ден до мене стигна дел од извештај за едно истражување кое го сврте моето кактусарско внимание. Малку прор'чкав и го најдов објавен и на неколку бугарски блогови и страници. Текстот кој овде ви го пренесувам го добив преведен на македонски и не беше во целост, беше и со малку поразлични податоци (па си земав слобода да го корегирам). Овде може да го погледнете во малку пошироко издание на бугарски јазик.

Како вовед во презентацијата на резултатите од истажувањето во извештајот се истакнува дека има многу легенди кои се однесуваат на врската помеѓу компјутерите и кактусите. А во продолжение детално се објаснува експериментот кој бил започнат летото 1995 година и за кој човекот кој го направил (не успеав да најдам информации или да разберам кој е) понатаму ќе каже...
За таа цел набавив еден компјутер AMD 486 на 100 MHz со Windows 98 и 14 инчен монитор KFC. Од двете страни на мониторот на растојание од 15 cm ставив два кактуси: Gymnocalycium mihanovichii и Astrophytum myriostigma.

Photobucket Photobucket

На следните фотографии го гледате резултатот (хммм...)...


Опитот траеше до 2003 година, кога од безбедносни причини ги уништив кактусите.

Општо познато е верувањето дека големите кактуси од видот Ferocactus и Echinocactus се многу ефикасни за заштита од радијација. Исклучително ефикасен се покажа Astrophytum-от. Тој за кратко време и покрај високата цена се распространи низ целиот свет и успешно се користи за индивидуална заштита. Единствениот негов недостаток е што билката после 4-5 години мора да се уништи. Одлични резултати покажа и родот Uebelmannia.

Photobucket

Можете да се чувствувате сигурни но само ако поставите доволен број на кактуси од родот Uebelmannia меѓу Вас и мониторот. Толку за радијацијата.

Експериментот покажа и некои неочекувани странични резултати, кои ќе ви ги претставам накратко:
  • Околу компјутерот во пентаграм поставив пет кактуси од родот Lophophora кои го стабилизираа системот.
Photobucket

  • До модемот случајно беше поставен еден Echinofossulocactus (Echinocactus). Опитот покажа дека врската се стабилизира за 8,75%, а од друга страна сметката кон телеком се намали за 0,15%. Да споменам само дека со други кактуси не сум вршел експерименти.
  • Echinopsis покажа многу добри резултати при режење дискови, за таа цел пожелно е еден од кактусите да биде блиску до режачот, со што многу се намалува шумот кај музичките дискови.
За сега толку, продолжувам со темата, ќе следуваат и други публикации.

Како што кажа и Ноне кој ми го препрати, текстот е по малку комичен и нема баш некоја научна вредност (којзнае можеби и има!?), во секој случај е интересен и интригантен...јас со љубопитност ги очекувам и ќе ги следам новите публикации на оваа тема. :-)

7/04/2008

Кактус за компјутерџии

Ако заглавувате често пред компјутер, има начин додека работите да си приуштите смирување и релаксација. Треба само да му се препуштите на овој USB Cactus Aroma Oil Diffuser.

Photobucket

Се што треба да направите е само да го приклучите на USB приклучок, да изберете јачина и боја на светло кое во тој момент најмногу ќе ви направи мерак, да ставите неколку капки од омиленото етерично масло во “саксијата“ и да му препуштите на овој cool кактус да Ви помогне да се споите со Вашето “Зен“ чувство на внатрешен мир.

Photobucket

Мантри за целосно просветлување засега не биле вклучени во пакетот! :-)

5/21/2008

Совети за компјутерџии

Јапонските специјалисти советуваат да ставите саксии со кактуси од страните на мониторот. Според нив, тие можат да примат и до 50% од компјутерското зрачење. Резултатите од различни испитувања покажале дека кактусите го освежуваат сувиот воздух и го наситуваат со кислород.

А доколку дома имате и пијано....

Photobucket

Верувам дека веќе почнувате да претпоставувате или да се прашувате, што ли освежуваат и кого наситуваат кактусите на сликата подолу!?
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...