Showing posts with label храна. Show all posts
Showing posts with label храна. Show all posts

2/13/2011

Змејов плод

Pitaya се прекрасни егзотични и хранливи плодови од неколку видови на кактуси од родови Hylocereus, Stenocereus и Cereus. Најпопулани и најважни се таканаречените Sweet Pitayas, од родот Hylocereus, кои се познати и како Dragon Fruit. Бојата на овие плодови е црвена, розева или жолта. Секој плод тежи од 150-600 g и во внатрешноста содржи меснат дел со голем број на семки кои се јадат.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Покрај тоа што се вкусни и освежувачки, овие плодови содржат и многу вода, витамини (A, B1, B2, B3, C), минерали (калциум, железо, фосфор) и други важни хранливи материи.

Поради виталните хранливи материи кои ги содржат, Змејовите плодови се погодни и за држење на диети. Овие плодови се препорачуваат и за лица со висок крвен притисок, дијабетис и прекумерна тежина. Испитувањата покажале дека ако дебели лица јадат редовно Pitaya, доаѓа до значително намалување на нивната тежина по природен пат и формирање на балансирано тело без притоа да биде загрозено нивното здравје.

Многу повеќе за Змејовите плодови може да дознате овде, а Ви предлагам да го погледнете и комерцијалното видео на Great Sun Pitaya Farm...

8/22/2010

Лижавчиња

Освен што се во форма на кактус (Saguaro), и вкусот им е на кактус (Prickly Pear - плод од Opuntia ficus-indica). Немаат боцки :-) и ги има и во повеќе други вкусови...овде може да си нарачате :-)

Photobucket

3/02/2010

Роденден ми е...

...торта и пијачка за сите кои денес ќе наминат во мојата КАКТУСАРНИЦА...

Photobucket

Photobucket

...подароците оставајте ми ги во коментари! :-)

2/16/2009

Откачен дегустатор на кактуси

Некои од кактусите може да се сретнат и како дел од исхраната на голем број животни, но и на менито кај луѓето.

Еден млад господин пробал и тврди дека кактусот е многу повкусен кога ќе му се додаде мајонез...единствено боцките не му биле баш по вкус!


Не го правете ова дома!

7/22/2008

Необични специjалитети

Жителите на едно село на југот на Колумбија, во близина на пустината, од неодамна може да купат мармалад, колачи и други специјалитети на база на кактус, растение богато со витамини и со афродизијачки карактеристики.

Џозе Рафаел Маркез потрошил пет години спроведувајќи испитувања и експерименти за да дојде од прехранбените производи од кактус, кои потоа добиле одобрение од колумбиското Министерство за животна средина, пишува весникот „Ел тјемпо“.

- Беше тешко да се најде балансот, да се сфати дека кактусот може да се јаде, но мора да се открие кои видови се отровни, а кои се халуциногени - вели Маркез.

Министерството одобрило нивна комерцијализација зашто станува збор за пионерско користење на ова многу распространето растение во многу региони на земјата. Самоукиот Маркез, кој нема завршено ни основно училиште, вели дека од кактусите успеал да произведе 17 типа продукти, но и шминки и сапуни. Според него, во природата има повеќе од 1.600 вида кактуси богати со витамини, кои може да имаат и афродизијачки својства и да помогнат при слабеењето.

Текстот бил објавен во Дневник во 2006 година.

6/28/2008

Струк за на плажа

Во 2007 година со посредство на Макфакс повеќе медиуми во Македонија објавиле прилог со наслов Кактус за намалување на апетитот, а и на струкот.

Caralluma fimbriata всушност не е кактус, туку сукулент кој се јаде и кој племињата во Индија го користат за намалување на апетитот.

Photobucket

За да се провери делотворноста на овој сукулент и евентуалното негово влијание на промената на телесната тежина поради отсуство на глад, индиските научници спровеле истражување врз доброволци со прекумерна телесна тежина во период од два месеца, така што секој ден им давале по еден грам од сукулентот.

Се покажало дека Caralluma fimbriata навистина го намалува апетитот, но без очигледни резултати во телесната тежина. Единствено кај нив се намалила ширината на струкот.

Значи, ако во пресрет на летните одмори и разголувањето на плажа, сакате да го намалите апетитот и ширината на струкот, Caralluma fimbriata му е мајката! :-)

6/24/2008

Pearl Jam

Photobucket

Во топ 25 рок трачеви, според Ролинг Стоун на 21 место се наоѓа трачот дека, американскиот рок бенд Прл Џем го добиле своето име по џемот од кактуси кој го правела бабата на нивниот пејач Еди Ведер.

PhotobucketPhotobucketPhotobucket

6/03/2008

Индиска смоква

Кактусот од случајот “Изеден кактус“ е еден вид од родот Opuntia. Овие кактуси можат да се сретнат и под името индиска смоква, бодликава круша или свекрвин јазик. Opuntia-та е кактус кој се јаде и може да се најде на менито на луѓето, а не само на менито на козите и желките како во предходниот случај. :-) Најчесто тоа е видот Opuntia ficus-indica. За ручек, во текот на летото овој кактус ги нуди своите цветови, во есен зрелите плодови, а меснатото стебло во текот на цела година. Најчесто

Оваа “бодликава убавица“ пристигнала во медитеранскиот дел на Европа во XVI век од Мексико, каде уште тогаш се одгледувала за исхрана. Кај нас може да се сретне, освен во саксии и во дворовите, бидејќи спаѓа во групата на кактуси кои опстојуваат и на ниски температури.

Opuntia-та спаѓа во групата на кактуси-грмушки. Стеблата им се составени од елиптични, сплескани и меснати делови, кои често се големи и до половина метар. Розеви или жолти крупни цветови со бројни латици се развиваат по горниот раб на гранката во периодот од мај до јули. Во есен созреваат големи како јајце, сочни, црвени, жолти или розеви плодови, кои како и целата билка се обраснати со бодликави влакна.

Photobucket

Photobucket

Месото од зрели плодови е вкусно, слатко-киселкасто, сочно и се јаде сирово. При берењето и користењето треба да се внимава на боцките на кората на плодот. Најдобро е да се берат со ракавици, потоа плодот да се зареже по должината и да се извади сочниот и мек дел. Од плодовите може да се прави џем и мармалад.

Photobucket

Photobucket

Стеблото може да се пече на скара, како шницли (при печењето боцките се отстрануваат), додека цветовите се подготвуваат како шпаргла.

Пријатен ручек!

Нови осомничени

Истрагата во случајот “Изеден кактус“ се проширува...освен козата, осомничена е и оваa банда на желки...

Photobucket

Photobucket

...истрагата продолжува!

6/02/2008

Осомничен/а

Постои основано сомнение дека оваа коза се сладела и со кактусот (Opuntia) од случајот “Изеден кактус“...истрагата продолжува!

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...