Showing posts with label Dracaena. Show all posts
Showing posts with label Dracaena. Show all posts

2/24/2012

Највонземјанското место на Земјата

Вчера прочитав еден текст во кој беа претставени седум места кои се на нашата планета, но изгледаат како да се на некоја друга. Меѓу нив беше и Сокотра, најголемиот остров на истоимениот мал архипелаг која му припаѓа Јемен.

Photobucket

Овој остров е познат како највонземјанското место на Земјата. Една третина од неговиот растителен свет се ендемични видови кои освен таму не може да се сретнат на ниту едно друго место. Токму уникатните растенија, меѓу кои има и повеќе кактуси и други сукуленти, со својот изглед го прават Сокотра да изгледа како да е на некоја друга планета.

Photobucket

Меѓу највпечатливите од нив, се Змејовото крваво дрво (Dracaena cinnabari), Dorstenia gigas и популарната Пустинска роза (Adenium obesum)

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Текстот за ова и другите шест места, може да го прочитате овде.

Убав викенд!

1/03/2011

Змејово дрво

Dracaena е род во кој има околу четириесетина различни видови на дрва и сукуленти грмушки. Dracaena marginata (Драцена маргината) е еден од најпопуларните и најраспространетите видови. Потекнува од Мадагаскар и кај народот е познат и како Dragon Tree.

Сукулент на денот 03/11 е...

Dracaena marginata

Photobucket

...кој беше и Сукулент на денот 75/09.

Фамилија: Ruscaceae
Род: Dracaena
Вид: D. marginata
Народни имиња: Madagascar Dragon Tree, Dragon Tree, Red Edged Dracaena, Red-Margined Dracaena
Потекло: Мадагаскар
Боја на цветот: Бледо зелена, бела, крем
Сезона на цветање: Крај на пролет
Висина: Најчесто 60 - 90 cm, а може да се сретнат примероци високи и до 6 m.

Photobucket

Одгледување:
Поради тоа што не бара некоја посебна грижа и толерира намалена светлина, Змејовото дрво е многу популарна и широко распространето растение. Најчесто се одгледува во домашни услови и канцеларии. Иако толерира намалена светлина, сепак најдобро расте на сончеви места или во блага сенка. Не сака мокри нозе и препорачливо е да се одгледува во супстрат со добра дренажа. Најдобро расте на температура од 16-24°C. Доколку стеблото стане премногу високо, може да се пресече на посакуваната висина, а на тоа место за кратко време ќе се појават нови листови. Иако толерира и многу пониски температури, во текот на зимата препорачливо е да се чува на температура од 16-18°C.

Photobucket

Размножување:
Најчесто со режење на врвот или делови од стеблото. Се размножува и со семе и одделување на израстоци од коренот.

Надворешен линк: Овде.

Освен во основниот вид, Змејовото дрво може да се сретне и во неколку други сорти...

Dracaena marginata 'Tricolor'

Photobucket

Фамилија: Ruscaceae
Род: Dracaena
Вид: D. marginata 'Tricolor'
Народни имиња: Red-margined Dracaena, Dragon Tree
Боја на цветот: Бледо зелена, бела, крем
Висина: 0,6 - 4,7 m

Dracaena marginata 'Colorama'

Photobucket

Фамилија: Ruscaceae
Род: Dracaena
Вид: D. marginata 'Colorama'
Народни имиња: Red-margined Dracaena, Dragon Tree
Боја на цветот: Бледо зелена, бела, крем
Висина: 1,2 - 4,7 m

3/16/2009

Змејово дрво

Сукулент на денот 75/09 е...

Dracaena marginata

Photobucket

Фамилија: Ruscaceae
Род: Dracaena
Вид: D. marginata
Народни имиња: Madagascar Dragon Tree, Dragon Tree, Red Edged Dracaena, Red-Margined Dracaena
Потекло: Мадагаскар
Боја на цветот: Бледо зелена, бела, крем
Сезона на цветање: Крај на пролет
Висина: Може да достигне висина до 3 m. Може да се сретнат и примероци високи по 6 m.

Photobucket

Одгледување:
Поради тоа што не бара некоја посебна грижа и толерира намалена светлина, Змејовото дрво е многу популарна и широко распространета билка, која најчесто се одгледува во домашни услови и канцеларии. Иако толерира намалена светлина, сепак најдобро расте на сончеви места или во блага сенка. Не сака мокри нозе и препорачливо е да се одгледува во супстрат со добра дренажа. Најдобро расте на температура од 16-24°C. Доколку стеблото стане премногу високо, може да се пресече на посакуваната висина, а на тоа место за кратко време ќе се појават нови листови. Иако толерира и многу пониски температури, во текот на зимата препорачливо е да се чува на температира од 16-18°C.

Размножување:
Најчесто со режење на врвот или делови од стеблото, а се размножува и со семе и одделување на израстоци од коренот.

Надворешен линк: Овде.
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...