Showing posts with label штетници. Show all posts
Showing posts with label штетници. Show all posts

1/18/2011

Кактусите и сукулентите во јануари

Јануари е месец кога кактусите треба да бидат во мирување. Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи од 3 до 5°C.

Кај кактусите и сукулентите кои се чуваат во топли простории постои поголема опасност од напад на разни штетници. Во таков случај треба ведаш да се делува и штетниците да се уништат.

Билките кои се прилагодени на потопли услови, како и кактусите и сукулентите кои растат и цветаат во зима, треба да бидат во топла средина, а супстратот да се одржува умерено влажен.

Повеќе може да прочитате во Календар за кактусар(к)и.

1/27/2010

Штетници: Растителни вошки

Расителните вошки се опасни и упорни паразити кои се уништуваат со истрајна и долготрајна борба. Кога еднаш ќе се најдат во колекцијата многу тешко можат да се уништат. Кај кактусите најчесто се среќаваат: кореновите, влакнестите и штитестите вошки.

Коренови вошки. Најчесто ги има на корењата, тоа се ситни (1-2 mm) инсекти со белузлаво–зеленкаста боја, покриена со бели восочни влакненца. Исклучително опасен штетник, кој многу брзо се размножува и раширува во колекцијата. Посебно им одговара сув и ровит, и тресетно–песоклив супстрат. Нападнатите растенија запираат со растење, коренот е преплавен со белузлави творби, венеат (ја губат свежината) и на крај, ако нападот е многу јак потполно го губат коренот и пожолтуваат.

Photobucket

Заштитата оди во две насоки, еколошка и хемиска со употреба на средства за заштита на растенијата.
Еколошка. Кактусот се вади од саксијата, потоа супстратот се отстранува од корењата (ако сеуште ги има) и кактусот се мие со млаз вода (“под чешма“), се остава да се исуши и по 7-10 дена се сади во нов и дезинфициран супстрат. Овој метод иако е еколошки има ограничен–краткотраен ефект и не гарантира 100% успешност.
Хемиска. Употреба на агресивни средства за заштита на растенијата кои нема да остават можност за повторна појава на штетници. Кореновите вошки успешно се уништуваат со употреба на органофосфорни и пиретроидни инсектициди. Заштитата се изведува со прскање, ако нападот е појак и со полевање на кактусите. Прскањето/полевањето се изведува во доцните попладневни часови, за де се избегне оштетување на кактусите и поради еколошкиот ефект врз околината (пчели, бубамари и други корисни инсекти). Јас ги преферирам системичните инсектициди, бидејки обезбедуваат подолготрајна и поцелосна заштита, како на кактусите така и на околината.

Влакнести (волнести) вошки се најчестите штетници кај кактусите. Ситни (2-3 mm) бело влакнести вошки слични на кореновите, но за разлика од нив се наоѓаат повеке по телото на кактусот (на врвот, меѓу ребрата, по аксилите). Зимно време мигрираат кон коренот на кактусот. Како и другите вошки цицаат растителен сок од кактусите и така ги ослабуваат и оштетуваат. При интензивен напад се појавува повеке “медна роса“ по кактусите, која потоа е одлична подлога за појава на секундарни инфекции од габични заболувања кои предизвикуваат гниење.

Photobucket

И овде заштитата оди во две насоки.
Еколошка . Овој метод може да се користи кај поголемите (поробусните) и појаки кактуси како Opuntia, Ferocactus, Echinopsis и некои видови Echinocactus. Кактусите се вадат од супстратот и се прскаат со “јак“ млаз вода по телото, еднаш до два пати дневно, во период од 10 дена. Потоа кактусите се садат во “нова“ дезинфицирана земја–супстрат. И овој метод не гарантира потполна заштита ама е 100% еколошки и ефективен за мали колекции.
Хемиска . Влакнестите вошки успешно се уништуваат со употреба на контактни и системични инсектициди. Заштитата се изведува со прскање, на кактусите. Прскањето се изведува во доцните попладневни часови, за де се избегне високата температура на воздухот која во комбинација со хемискиот препарат може да предизвика оштетување на кактусите, а и поради еколошкиот ефект врз околината (пчели, бубамари и други корисни инсекти).

Штитести вошки. Ги напаѓаат сите видови кактуси. Не се толку опасни, колку истрајни и “досадни“ штетници поради заштитниот штит на грбот, под кој воедно ги чуваат јајцата. Се хранат со цицање–смукање на растителниот сок од кактусите.

Photobucket

Заштитата е еколошка и хемиска.
Еколошка . Значителен успех се постигнува со употреба на парафински маслени препарати (кои, кај нас се ретки или воопшто ги нема). Препаратот се нанесува со помош на baby стапче директно на паразитот, така што се создава тенок маслено-парафински слој преку кој го уништува. Во зависност од градбата на кактусите леснодостапните места се чистат со рака (со чачкалица или врв од нож). Потоа местото се чисти со млаз вода или со многу слаб алкохолен раствор.
Хемиска . Заштитата се изведува со прскање, на кактусите. Поради специфичната градба на телото и начин на исхранана кај штитестите вошки, препорачлива е употреба на системични препарати кои гарантираат успех во сузбивањето на овој штетник.

8/25/2009

Шливки

Овој млад кактус кој е познат како Бодликава круша (Opuntia engelmannii), излгледа како да добил многу бакнежи од некој/а со жолто-зелен кармин на усните...

Photobucket

...но во суштина тој не само што бил бакнуван, туку бил и шмукан од инсекти познати како Cactus Bugs (Chelinidea vittiger aequor).

Photobucket

2/08/2009

Календар за кактусари/ки: Февруари

Ова е месец кога кактусите сеуште се во зимски сон. Порано кога се препорачувало да се полеваат, овој месец бил познат како “месец на смртта“ за кактусите. Но, доколку ги почитувате современите препораки (да ги оставите Вашите билки да презимат во сув супстрат), сега таа опасност веќе ја нема. Ако кактусите во овој период ги чувате на собна температура, препорачливо е еднаш месечно да ги освежите со мала количина на вода.

Сето она што беше препорачано во текот на Јануари, важи и за овој месец: “Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи од 3 до 5°C. Во деновите кога не е екстремно ладно може да проветрите. Препорачливо е еднаш неделно да ги прегледате сите билки и доколку приметите трулеж, нападнатата билка веднаш да ја изолирате и да и дадете соодветна нега. Кај кактусите и сукулентите кои се чуваат во топли простории постои поголема опасност од напад на разни штетници. Во таков случај треба ведаш да се делува и штетниците да се уништат.“

Photobucket

Доколку имате можност да ги чувате кактусите во стакленик, ова е период кога кактусите може да ги пресадите. Најголем дел од кактусите во стаклениците во овој период веќе започнуваат да растат и затоа треба почесто ги оросувате или доколку е потребно и да ги полевате. Во стакленици и слични затворени простории постои опасност кактусите кои почнале да растат да изгорат...во тој случај доколку не проветрувате често, треба да почнете со засенување.

Доколку (како мене) имате засеано кактуси, нив треба да ги држите во простории каде има континуирано собна температура.

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

1/21/2009

Календар за кактусари/ки: Јануари

Јануари е месец кога кактусите треба да бидат во мирување. Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи од 3 до 5°C. Во деновите кога не е екстремно ладно може да проветрите. Препорачливо е еднаш неделно да ги прегледате сите билки и доколку приметите трулеж, нападнатата билка веднаш да ја изолирате и да и дадете соодветна нега. Кај кактусите и сукулентите кои се чуваат во топли простории постои поголема опасност од напад на разни штетници. Во таков случај треба ведаш да се делува и штетниците да се уништат.

Билките кои се прилагодени на потопли услови, како и кактусите и сукулентите кои растат и цветаат во зима, треба да бидат во топла средина, а супстратот да се одржува умерено влажен.

Билките кои планирате да ги пресадите може да почнете да ги вадите од земја. Притоа, премногу долгите корења треба да ги скратите, а болните делови да ги отстраните. После таа постапка препорачливо е билките да ги оставите два-три дена во топла просторија.

Доколку имате семе, јануари е период кога можете да започнете со сеење.

Сега е време кога можете да направите план за садење, да го утврдите бројот на потребни саксии...

Во слободно време можете да прочитате некоја стручна литература и се разбира да ја посетите мојата КАКТУСАРНИЦА!

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...