КАКТУСАРНИЦА за првпат се појави во просторот на
blog.mk (
blog.com.mk) на 13 мај во 2008 година.
Оттогаш, речиси секојдневно (1070 записи) ја збогатувам со нови информации, занимливости и фотографии, и преку неа споделувам, добивам и пренесувам нови искуства и знаења поврзани со кактусите и сукулентите. Сите оние кои ги одгледуваат, проучуваат или само ја задоволуваат својата љубопитност и им се восхитуваат на овие сукулентни билки и се друго што на некаков начин е поврзано со нив, во КАКТУСАРНИЦА сугурно ќе најдат по нешто интересно или корисно.
Меѓу другото, од оваа година
КАКТУСАРНИЦА е збогатена со уште една нова страница.
КАКТИПЕДИЈА е енциклопедија на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити кои се презентирани во
КАКТУСАРНИЦА како дел од серијалот
Кактус/Сукулент на денот.
КАКТИПЕДИЈА ќе ви помогне да ги идентификувате вашите миленици и да научите нешто повеќе за нив и нивното одгледување.