Showing posts with label Македонија. Show all posts
Showing posts with label Македонија. Show all posts

9/08/2011

Нека ни е честит Јубилејот!

Минатиот месец Татјана Анакиева ми испрати две посебни фотографии, кои ги имав малку подзаборавено. Направени се на врвот Тумба на Беласица, кој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Македонија, Бугарија и Грција. Денес во вистински момент се сетив на нив, бидејќи и овој ден е исто така посебен.

Во чест на јубилејот “20 години самостојна и независна Република Македонија“ , во КАКТУСАРНИЦА имате несекојдневна и ексклузивна можност да видите сукуленти од родот Sempervivum како цветаат на надморска височина од дури 1881 метри.

Photobucket

Photobucket

Благодарам Татјана!

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА!
НЕКА НИ Е ВЕЧНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

9/08/2010

Честит празник!

За многу години Денот на независноста, нека ни е вечна Македонија!

Photobucket

8/29/2010

На лице место на ридот во Долно Барбарево

Во февруари оваа година ве запознав со ридот во атарот на пробиштипското село Долно Барбарево (или можеби Горно Барбарево...остана неразјаснето), еден од листата на ридови во Македонија освоени од кактуси од родот Opuntia. Фотографиите кои тогаш ги споделив со вас ги добив од уште еден љубител на кактуси и сукуленти, мојот пријател Марјан од кого дознав за овој (уште еден малку необичен за овие простори) рид.

На 15 овој месец (или пред точно две недели) заедно со него и девојка ми Ирена имав несекојдневна можност да прошетам низ тој дел од Македонија исполнет со природни убавини, и да го видам ридот и кактусите распослани по него. Местото од Пробиштип е оддалечено дваесетина минути возење со автомобил по асвалтиран планиниски пат кој завршува на само стотина метри пред кактусите.

Кактусите се групирани во две купчиња, ова е поголемото...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

...ова е дел од второто, помало купче...

Photobucket

...кактусите беа полни со плодови (каква ли само глетка имало кога цветале)...

Photobucket

...некои од нив веќе беа и зрели...

Photobucket

...не носев ракавици, но не пропуштив можност да си наберам неколку и покрај тоа што сериозно се избоцкав додека ги берев... :-)

Photobucket

Благодарам Марјан!

8/02/2010

Честит Илинден!

За многу години денешниот голем празник...среќна слава и именден на тие што слават!

PhotobucketPhotobucket

6/30/2010

Уште еден рид е освоен

Покрај ридовите во Клисура и Долно Барбарево, уште еден рид во Македонија е освоен од кактуси од родот Opuntia. Фотографиите се направени во село Драгобраште во општина Виница.

Photobucket

Photobucket

Благодарам Оле!

5/04/2010

Супстрат за кактуси во Реплек Хубо Маркет

Одгледувачите на кактуси и сукуленти претежно сами си го подготвуваат супстратот. За целосно да се задоволат потребите на сите кактуси и сукуленти, треба да се направат многу различни мешавини, што не е ни малку практично. Најчесто тоа се решаваа со подготовка на еден “стандарден“ супстрат кој се користи за сите билки.

Бидејќи секој не е во можност да направи своја мешавина, во светот може да се купат и готови супстрати со различна содржина и од различни производители. Вчера за првпат имав можност да видам еден таков микс и овде во Македонија. Може да го најдете во Реплек Хубо Маркет. Станува збор за Valentin земја за кактуси, производ на Семенарна од Љубљана. Содржи: тресет, компостирана кора од дрво, песок и глина. Пакување од 5 литри може да се купи за 88 денари.

Photobucket

4/08/2010

Macedоnicum

Sempervivum macedonicum (Семпервивум мацедоникум) е уште еден член на родот Sempervivum, сукуленти кои меѓу народот се познати како Чувар на куќа. Овој вид кој денес ви го презентирам не се разликува многу од Sеmpеrvivum tеctоrum, ниту по изгледот, ниту по другите негови карактеристики. Интересен е пред се поради неговото име и потекло. Според податоците до кои дојдов, Sеmpеrvivum macedonicum е на Листата на ендемични, реликтни и ретки видови на флора во Република Македонија и може да се најде на планините Стогово и Љуботен, каде покрај него може да се сретнат и повеќе други видови од фамилијата Sempervivum.

Сукулент на денот 98/10 е...

Sempervivum macedonicum

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Sеmpеrvivum
Вид: S. macedonicum
Народнo имe: Houseleeks, Liveforever
Синоними: Sempervivum marmoreum subsp. reginae-amaliae
Потекло: Македонија (Стогово и Љуботен)
Боја на цветот: Светло розева
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 15 cm
Дијаметар: до 7-15 cm

Photobucket

Одгледување
Освен што расте по Македонските планини, овој сукулент може да се одгледува и во саксија. Многу лесно се одржува. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Толерира суша и бара умерено полевање. Во зима не преферира влажен супстрат, се полева само колку да не се исуши. Толерира ниски температури најмалку до -12 °C, но во пократки временски интервали може да издржи и многу пониски.

Размножување:
Со семе и режење на розети.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

2/18/2010

Кактуси освоиле рид и во Долно Барбарево

Пред некој ден Марјан, соработник на КАКТУСАРНИЦА од АГРОКОНСАЛТИНГ ПРО ми испрати неколку фотографии кои ги направил во атарот на пробиштипското село Долно Барбарево.

Photobucket

На фотографиите кои следуваат може да се види дека ридот во Клисура дефинтивно не е единствениот во Македонија кој е освоен од кактуси.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Од каде и како стигнале кактусите во Долно Барбарево и овојпат како и за тие во Клисура е мистерија. Доколу и вие имате информации и фотографии за/и од други места (сигурен сум дека ги има) кои се освоени од кактуси праќајте ми ги на kaktusarnica@gmail.com.

1/28/2010

Кактуси освоија рид во Клисура

Пред некој ден случајно налетав на текст на Светлана Дарудова објавен во октомври минатата година во online-изданието на весникот Дневник. Текстот има многу интересена и несекојдневна содржина. Се надевам дека авторот и весникот нема да ми замерат што денес во мојата КАКТУСАРНИЦА пренесувам дел од него.

Photobucket
Љубители на природата од земјава и од странство често доаѓаат да им се восхитуваат на растенијата за кои претходно знаеле дека растат во други краишта во светов, а кај нас само во саксија.

Рид послан со кактуси е природна реткост во демиркапиското село Клисура, која привлекува се' повеќе љубители на природата. Жителите на Клисура велат дека многу често во селото доаѓаат гости од земјава и од странство, кои се восхитуваат на тепихот од џуџести кактуси на ридот. Гостите забележуваат дека за овој вид растенија претходно знаеле оти растат во други делови од земјата, а кај нас само во саксија.
- Добро е што сте се сетиле да напишете за ридот на кактусите - ни рекоа во Демир Капија, каде што прашавме по кој пат се стигнува до Клисура.

Се вози по стариот пат за Гевгелија. Селото Клисура е оддалечено околу шест километри од Демир Капија. До него, за жал, води неасфалтиран пат.

ОДМОР ЗА ОЧИТЕ

Кога стигнавме на вишинката кај селото не' пречека прекрасна глетка. Рид прекриен со тепих од кактуси. Распослани како да се радуваа со посетителите. Ги има многу. Како некој намерно да ги посадил во толку голем број за да ја разубави природата. Човек не знае што е поубаво, дали листовите на кактусите што со својата зелена боја ги одмораат очите или црвените торбички, кои како лампиони ги китат овие растенија. Тие, чиниш, се смешкаат пред објективите на фотоапаратите.
Текстот во целост може да го прочитате овде.

10/11/2009

Честит празник Македонски народе

Во чест на празникот и почит кон сите оние што учествувале во востанието, денеска во КАКТУСАРНИЦА една ѕвезда петокрака, симболот кој што во 1941 ги обединувал борците и кој и јас гордо го носев кога бев пионер и подоцна кога му служев на народот. :-)

Честит празник, нека ни е вечна Македонија и нека не обединува како што тоа некогаш го правеше ѕвездата!

Photobucket

8/02/2009

Честит празник!

За многу години Македонијо и Македонци каде и да сте...ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

Photobucket

1/31/2009

Црвена боја ми е најмила...

Photobucket

...особено во комбинација со жолта!

Photobucket

Со овој цвено-жолт пост се придружувам и јас кон честитките за Македонската машка ракометна репрезентација за успехот на Светското првенство!
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...