Showing posts with label калемење. Show all posts
Showing posts with label калемење. Show all posts

9/08/2010

Честит празник!

За многу години Денот на независноста, нека ни е вечна Македонија!

Photobucket

8/02/2010

Честит Илинден!

За многу години денешниот голем празник...среќна слава и именден на тие што слават!

PhotobucketPhotobucket

4/14/2010

Два во еден

Klaus Weber е германски уметник кој меѓу другото работи и со кактуси. Еднo од неговите уметнички дела е и Double Cactus, кое во суштина e целина формирана од два San Pedro кактуси (Echinopsis pachanoi) накалемени еден на друг...

Photobucket

Photobucket

8/12/2009

МА-КЕ-ДОНИЈА!

И јас сум еден од тие што не успеаја да дојдат до карти за фудбалскиот натпревар Македонија : Шпанија и нема да бидам директно на арената “Филип Втори“, ама тоа не значи дека нема и да навивам...денес како поддршка [не на Фуријата :-)] на нашата репрезенатција во навивачки бои ја украсувам и мојата КАКТУСАРНИЦА...НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

Photobucket

Photobucket

Photobucket

4/04/2009

Калемење

Во Календарот за кактусари/ки за месец Април го спомнав калемењето. Верувам дека повеќето од Вас веќе имаат видено калемени кактуси...

Photobucket

...доколку сте љубопитни и сакате да дознаете како се прават вакви сукулентни креации, погледнете ја денешната Видео лекција. Видеото е аматерско, без звук и не е со многу добар квалитет, но сепак е доволно добро за да ја сконтате финтата и да Ве поттикне да направите некој интересен калем.

8/18/2008

Календар за кактусари/ки: Август

Активностите поврзани со одгледувањето на кактуси и другите сукуленти во овој период и не се разликуваат многу од оние кон крајот на Јули.

Половината на Август е последниот рок за калемење на кактусите. Сепак, доколку сте решиле да се обидете да калемите, препорачливо е тоа да го направите порано.

Ова е период кога почнува да се содаваат поволни услови за т.н. есенска сеидба.

Кај оние кактуси кои расцветале, цветовите полека ги снемува, но затоа има се повеќе плодови. Семето може да го соберете, исчистите...штотуку собраното семе најдобро рт'и.

Кактусите сега имаат најубави и најдолги боцки, се појавуваат густи билни влакна...билките созреваат и се подготвуваат за зимски одмор. Тој процес треба да го потпомогнете со проветрување или одгледување на билките (доколку е можно) на отворено.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

6/02/2008

Календар за кактусари/ки: Јуни

И покрај тоа што денес, а според метеролозите и во текот на следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно, проследено со грмежи и врнежи, сепак веќе на големо мириса на лето со сончеви денови и топли ноќи. Доколку имате можност (тераса, двор), а сеуште не сте го направиле тоа, време е да ги наградите Вашите билки со полна сончева светлина и свеж воздух.

Јуни е месецот, кога кај дел од кактусите се јавуваат и првите цветови. Постојано се отвораат нови цветови, некои наутро, некои на пладне, а некои попладне.

Сега е најдобро време за сеење (се разбира доколку успеете да најдете семе, со оглед на тоа што и семето е нешто што тешко дека може да го најдете во Македонија) на видови кои се навикнати на потопли услови. Во овој период се постигнува висок степен на р’тење.

За оние поискусните кактусари или оние кои сакаат да се обидат во тоа, Јуни е месец кога може да се продолжи со калемење или прекалемување на веќе калемените билки.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

5/19/2008

Календар за кактусари/ки: Мај

Во овој месец кактусите се во полна вегетација. Вегетационите врвови им се сјајни, кај секоја билка се појавуваат нови боцки, а кај многу од нив и цветови. Доколку некоја билка не расте, треба да го прегледате коренот.

Главна потешкотија во овој месец се честите заладувања. Во тие денови мора многу внимателно да ги полевате кактусите, за да не се случи во период на нагло заладување, супстратот да биде многу влажен. Во текот на тие неколку ладни денови и ноќи може да се случи, доколку има претерана влажност на супстратот да изгинат сите млади жили на коренот. Во тој случај билката ќе престане да расте се додека повторно не се обноват корењата, за што е потребно многу време. Секој ден добиен во текот на пролетта, во есен донесува поголем прираст.

Ова е период кога може да се пикираат младите билки израснати од семе. Кога времето е топло може да се изврши и калемење на млади и стари билки. Со оголед на тоа дека поради променливоста на времето ова е период кога можат да се јават болести, билките треба секојдневно да се контролираат и доколку се воочат знаци на габични болести, веднаш да се прскаат со фунгицид. Никогаш не треба да се прска во време кога билките се загреани од сонцето.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...