Showing posts with label поштенска марка. Show all posts
Showing posts with label поштенска марка. Show all posts

2/12/2012

Поздрав од Бермуда

Новата поштенска марка во мојата дигитална колекција е издадена и испратена од Бермуда и е во вредност од еден Бермудски долар. Кактусот на неа е од видот Opuntia stricta, кој е познат и под синонимот Opuntia dillenii.

Photobucket

Потрагата по марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината продолжува! Следува награда за тој што ќе ја најде! :-)

9/23/2011

Четири Филипинки

Мојата дигитална колекција од вечерва е побогата за уште еден сет од 4 поштенски марки со кактуси и сукуленти на нив. Марките се издадени во 2003 година во Филипини и се со вредност од 6 филипински пеза.

Првите две марки се со сукулентите Aloe humilis и Euphorbia golisana, а на другите две се кактуси, Gymnocalycium spinosissima!? и Mammillaria spinosissima.

Освен поради тоа што овие поштенски марки се со кактуси и сукуленти на нив, сетот е интересен и поради уште еден момент. Имено, кактус од родот Gymnocalycium со име “spinosissima“ (кое може да се прочита на едната од марките) нема или барем не можат да се сретнат информации за таков вид. Веројатно станува збор за печатна грешка која се провлекла поради името на видот на кактусот Mammillaria spinosissima, кој е на другата поштенска марка.

Photobucket

Потрагата по марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината продолжува! :-)

5/10/2011

Русинка

Уште една Русинка во мојата дигитална колекција на поштенски марки. И оваа со Mammillaria swinglei на неа, како и предходната, е издадена во 1994 година и е со вредност од 100 рубљи.

Photobucket

Photobucket

Уште сум во потрага по марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината.

3/03/2011

Русинка

Мојата дигитална колекција ја збогатувам со оваа поштенска марка со Пејоти (Lophophora williamsii) на неа. Издадена е во Русија во 1994 година, со вредност од 100 рубљи.

Photobucket

Ако имате некоја слична на овие, може да се менуваме :-), особено ако ја имате марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината.

1/29/2011

Виетнамки

Во мојата колекција на поштенски марки со кактуси и сукуленти, вечерва додавам уште седум издадени во Виетнам...

PhotobucketPhotobucket
PhotobucketPhotobucket
PhotobucketPhotobucket
Photobucket

Ако имате некоја слична на овие, може да се менуваме :-), особено ако ја имате марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината.

9/11/2010

Нови марки

Мојата дигитална колекција на поштенски марки од вечерва е побогата за уште две со кактуси на нив.

Едната е од Малезија со Epiphyllum oxypetalum на неа, а другата е со Opuntia basilaris, издадена во САД.

Photobucket

Photobucket

СЕ БАРА поштенската марка издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината...следува награда! :-)

6/25/2010

Бугарска марка

Во мојата дигитална колекција на поштенски марки придодавам уште една. Овојпат станува збор за поштенска марка издадена во 2009 година од поштата на соседна Бугарија ...

Photobucket

Сеуште сум во потрага по марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината.

5/21/2010

Поштенска марка од Куба

Уште една марка во мојата дигитална колекција на поштенски марки. Издадена е во Куба во 1978, со кактус Opuntia militaris (Opuntia triacantha) на неа...

Photobucket

Освен тие 7 од Танзанија и 6 од Бенин за марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината, давам и уште 6 од Суринам. :-)

4/13/2010

Собирам поштенски марки

Вчера случајно налетав на една страница каде на продажба покрај билки и книги се нудат и поштенски марки со кактуси и сукуленти на нив. Излезе дека бројот на вакви поштенски марки бил многу голем, а листата на држави кои ги имаат издадено прилично долга.

Ми се видоа интересни и решив да почнам да си ги собирам...засега колекција ми е скромна, ама така се почнува. :-)

Photobucket
Photobucket
Photobucket
Photobucket
Photobucket

Ако имате некоја слична на овие, може да се менуваме. Давам 7 од Танзанија и 6 од Бенин, за поштенската марка која била издадена во 1986 во тогашна Југославија (во која беше и Македонија) со голем Cereus во средината. :-)
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...