Showing posts with label сукулентна градина. Show all posts
Showing posts with label сукулентна градина. Show all posts

12/02/2011

Прошетка низ ботаничката градина Jochum-Hof

Денеска ви препорачувам една кратка прошетка низ ботаничката градина Jochum-Hof. Градината која има долга историја, се наоѓа во Tegelen, село во Холандија. Најстарите делови во градината датираат уште од 1799 година, кога просторот на кој сега се наоѓа имал друга намена.

Многу подоцна, во 1933 година свештеникот Peter Jochum кој бил страствен љубител на растенијата, како поддршка на образованието по биологија кое се одвивало во манастирот, на тој простор почнал да ја гради ботаничката градина. Во нејзиното збогатување помош добивал и од мисионерите, кои му носеле растенија и семиња од сите делови на светот.

Подоцна во рамки на градината бил направен и стакленик во кој има и колекција на кактуси и други сукуленти. Дел од нив и нивните цветови може да ги видите преку оваа денешна видео прошетка...

12/01/2011

Забава во Ботаничката градина во Скопје

Насловот не се однесува на ботаничката градина (која деновиве беше актуелна) за која беше најавено дека следната година треба да почне да се гради во Зоолошката градина, туку за веќе постоечката Ботаничка градина во Скопје, која јас за жал сеуште ја немам посетено. Многу малку луѓе воопшто и знаат дека постои, а од малиот број на инфомации кои може да се најдат за градината, може да се дознае дека таа е распослана на површина од 450 m², со 22 систематски полиња и функционира во рамки на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет.

Photobucket

Фотографијата која може да ја видите овде, не е од градината во Скопје. Како изгледа таа, има само еден начин да се дознае! :-) Во контекст на тоа, денес до мене стигна една информација, која може да биде интересна и за возрасните и за децата. Имено, група на индивидуалци и невладини организации решиле да дадат свој придонес во популаризацијата на Ботаничката градина и нејзиното значење, преку организирање на забава токму во неа. КАКТУСАРНИЦА со задоволство ја поздравува иницијативата и упатува поддршка до организаторите. Во таа насока во продолжение ви ја пренесувам информацијата во целост...

Почитувани,
Скопје има прекрасна Ботаничка градина за која 90% од граѓаните не знаат за жал. Неколку индивидуалци и невладини организации се решија конечно да преземат нешто и да ја промовираат оваа градина со едукативно, рекреативно и естетско значење за целата заедница.

Промоцијата ќе се состои од мала коктел забава во недела (4.12.11) во 12 часот во Ботаничката градина. Замислата е сите родители да дојдат со своите деца и да поминат некое време во Ботаничката градина, да дознаат дека постои, да ја запознаат нејзината убавина и да научат нешто повеќе за ендемичните растенија, за Секвојата, за месојадните растенија и слично...

Целиот настан ќе биде надополнет со кловнови и музика за најмладите, но и пијалаци и панел дискусии за повозрасните. Она што ние Ве замолуваме е да бидете поддршка во остварувањето на нашите цели (подигање на јавната свест за постоењето на Ботаничката градина и нејзината потреба во секојдневното живеење).

Се залагаме и се грижиме за  животната средина во Р.М., за културата на Р.М. и што е најважно за децата и студентите на Република Македонија кои досега живееле без да знаат дека постои Ботаничка градина. Ќе имате можност за поставување на банери, слободно ќе можете да извршите анкети и да и се доближите на публиката која се грижи за животната средина, културата и иднината на Република Македонија.

Доколку сте заинтересирани за контакт или средба пишете на овој меил, tamara.kostadinovska@hotmail.com.

Од се‘ срце Ви благодарам, 
Тамара Костадиновска

11/11/2011

Прошетка низ Jardín de Cactus

Guatiza се наоѓа во провицијата Las Palmas на Канарските острови. Популарноста на ова место пред се, се должи на неговата ботаничка градина Jardín de Cactus. Оваа атрактивна градина изгледа како амфитеатар и зафаќа простор од 5.000 метри квадратни. Во неа, на едно место се собрани околу 10.000 кактуси, од повеќе од 1.400 различни видови кои потекнуваат од Канарските острови, Америка и Мадагаскар.

Денеска, на крајот од работната недела ви препорачувам една видео прошетка низ оваа импресивна градина...


11/09/2011

Кокошки и пилиња во мојата сукулентна градина (2)

Кокошките и пилињата кои ги сликав во мај оваа година во мојата сукулентна градина, денес по вторпат се во КАКТУСАРНИЦА. Овојпат имате можност да погледнете како изгледале од друг агол и од малку поблиску...

Photobucket

Photobucket

10/08/2011

Натурализиран Португалец во мојата сукулентна градина

Aichryson laxum е сукулент кој потекнува од Канарските острови, а е натурализиран во Португалија. Еден таков успешно натурализирав и во мојата сукулентна градина. :-) Во мај оваа година беше во пол цвет...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

10/02/2011

Кокошки и пилиња во мојата сукулентна градина

Таму некаде од средината на месец мај оваа година, во мојата сукулентна градина можеше да се видат и овие Кокошки и пилиња, односно расцветан сукулент од видот Sempervivum arachnoideum, кој е познат и како Cobweb houseleek или Spider Web Hens and Chicks...

Photobucket

8/05/2011

Од мојата сукулентна градина vol. 8

По малку подолга пауза еве го и осмиот дел од серијалот “Од мојата сукулентна градина“. И овие фотографии се од фотосесијата направена на з јуни...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

<<<Претходен – Следен>>>

7/14/2011

Од мојата сукулентна градина vol. 7

Уште неколку од фотографиите направени на з јуни оваа година…

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Сите записи од серијалот “Од мојата сукулентна градина“ може да ги погледнете со килкнување на контролите “Претходен – Следен“

6/08/2011

Од мојата сукулентна градина vol. 2

Нови фотографии од серијата направени во месец април оваа година во мојата сукулентна градина во Пехчево...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

6/06/2011

Од мојата сукулентна градина

Вечерва објавувам уште неколку фотографии од моите кактуси и сукуленти, кои ги направив во мојата сукулентна градина за време на Велигденските празници...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Поздрав до мајка ми и татко ми, кои со голема посветеност се грижат за нив! :-)

<<<Претходен - Следен>>>

5/17/2011

Пупки и цветови

Велигденските празници ги поминав во Пехчево во кругот на мојата фамилија и моите кактуси и сукуленти. :-) Тие зимата првпат, успешно (само со минимални загуби) ја поминаа надвор во мојата сукулентна градина (пластеник). Од зимскиот сон одамна се разбудија и голем дел од нив уште тогаш беа полни со пупки и цветови.

Во периодот кој следува ќе споделувам со вас од фотографиите кои ги направив и ќе ги правам во иднина...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

2/22/2011

Божиќни пупки

Татјана со Празничната приказна на нејзиниот Божиќен кактус, ме потсети на оваа фотографија, која ја направив на Бадник во мојата Сукулентна градина...

Photobucket

2/08/2011

Мала сукулентна градина во вашиот дом

Кога условите дома не ви дозволуваат да имате голема, може да си направите малa сукулентна градина во која ќе ги сместите вашите кактуси и други сукуленти.

Еве неколку идеи, кои може да ги прилагодите на вашиот простор и потреби...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

9/12/2010

Градините на Маракеш

Во Маракеш се сместени повеќе градини, меѓу нив се издвојуваат градините Menara – изградени во 1869 година. Menara е маслинова градина со езерце, некогашно скривалиште на султанот Mohammed V. Овие градини се наоѓаат на излезот од градот, тие се влезна врата спрема планината Атлас.

Градините Majorelle се изградени околу арт-деко работилница обоена во сино, од 1980 му припаѓаат на Yves Saint Laurent. Главна атракција е градината со кактуси.
Photobucket

Photobucket

Текстот со наслов “Маракеш - место од бајките“ во целост, пропратен и со други фотографии може да го прочитате на кантар.мк
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...