Showing posts with label проект. Show all posts
Showing posts with label проект. Show all posts

7/31/2010

Мојата расцветана сукулентна градина

Проектот “Сукулентна градина“ оваа година влезе во својата трета фаза. Градината повеќе не е на терасата, туку во дел од пластеник кој се наоѓа во дворот кај моите во Пехчево. И ова е само привремено решение и доколку имам време до крајот на годината планирам да ја реализирам и четвртата фаза, која подразбира проширување и уредување на посебен простор врз основа на потребите на кактусите и другите сукуленти.

Теренски координатор на проектот е мајка ми и благодарение на нејзината љубов кон нив и грижата која континуирано им ја посветува, кактусите и сукулентите се во одлична кондиција. Кога бев пред три недели, Сулентната градина беше исполнета со цветови од различните видови на Aloe...еве како тоа изгледаше погледнато од различни агли...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

11/20/2009

Подготвени за зимата

Кактусите и другите сукуленти од мојата Сукулентна градина се подготвени за зимата. Пред дестина дена од терасата ги преместив во затворен простор кој не се затоплува, но со оглед на тоа дека следува период на ниски температури имам поставено грејно тело кое ќе се вклучи доколку температурата падне некаде под 5°C.

Photobucket

Наредени се густо поради тоа што му се препуштаат на зимскиот сон, односно, бидејќи се во простор каде нема високи температури, а супстратот им е сув, тие полека престануваат да растат, а тоа значи дека не им е потребна светлина.

Photobucket

Некои од нив сеуште цветаат...

Photobucket

8/07/2009

Проект "Сукулентна градина" 2

Проектот "Сукулентна градина" или поточно Сукулентна тераса, почна да се шири и надградува. Пред околу еден месец бев во контрола на работата на Координаторот на проектот (мајка ми) и морам да признаам дека сум многу задоволен од нејзината посветеност и совесно извршување на проектните задачи :-)...не се ни сомневав со оглед на нејзината љубов кон цвеќињата. Кактусите и другите сукуленти одлично напредуваат. Поради тоа што нивниот број континуирано се зголемува, користејќи ги расположливите средства што ги најдов по дома направив уште по еден спрат од двете страни...

Photobucket

Photobucket

Освен нивнаата разновидност која восхитуваше, дополнително задоволство беше тоа што неколку од нив уловив и во расцетано издание...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

5/02/2009

Проект “Сукулентна градина“

По една малку подолга пауза еве ме повторно назад во мојата КАКТУСАРНИЦА. Велигденските празници ги поминав кај моите во Пехчево, каде меѓудругото реализирав една идеја која подолго време ја вртев низ глава...дел од една голема тераса претворив во сукулентна градина. Во суштина тоа не е целосно реализирање на проектот, но е добар почеток. :-)

Бидејќи терасата е на јужна страна од куќата и во летниот период е иложена на многу силно сонце, ставив мрежа која овозможува 40% засенување, а освен тоа ги заштитува билките и од ветар, дожд и град. Во исто време со својот изгледа го привлекува вниманието и љубопитноста на минувачите. :-)

Како координатор на оваа фаза од проектот “Сукулентна градина“ ја назначив мајка ми, која е голем љубител на цвеќињата и која има неколку капитални примероци на кактуси, стари по повеќе од 10 години, од кои еден можете да видите и на фотографиите подолу.

Во продолжение, приказната и низ неколку фотографии...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...