Showing posts with label прошетка. Show all posts
Showing posts with label прошетка. Show all posts

12/06/2011

Прошетка низ националниот парк Guadalupe Mountains

Националниот парк Guadalupe Mountains е сместен во западниот дел на Тексас. Во состав на паркот се наоѓа и врвот Guadalupe, кој со надморска височина од 2.667 метри е највисокиот во Тексас. Тука е и планината El Capitan, која своевремено на луѓето кои патувале низ тие краеви им служела како ориентир...

Покрај многуте други содржини, додека шетате низ овој национален парк ќе видите и повеќе кактуси и други сукуленти...

12/02/2011

Прошетка низ ботаничката градина Jochum-Hof

Денеска ви препорачувам една кратка прошетка низ ботаничката градина Jochum-Hof. Градината која има долга историја, се наоѓа во Tegelen, село во Холандија. Најстарите делови во градината датираат уште од 1799 година, кога просторот на кој сега се наоѓа имал друга намена.

Многу подоцна, во 1933 година свештеникот Peter Jochum кој бил страствен љубител на растенијата, како поддршка на образованието по биологија кое се одвивало во манастирот, на тој простор почнал да ја гради ботаничката градина. Во нејзиното збогатување помош добивал и од мисионерите, кои му носеле растенија и семиња од сите делови на светот.

Подоцна во рамки на градината бил направен и стакленик во кој има и колекција на кактуси и други сукуленти. Дел од нив и нивните цветови може да ги видите преку оваа денешна видео прошетка...

11/11/2011

Прошетка низ Jardín de Cactus

Guatiza се наоѓа во провицијата Las Palmas на Канарските острови. Популарноста на ова место пред се, се должи на неговата ботаничка градина Jardín de Cactus. Оваа атрактивна градина изгледа како амфитеатар и зафаќа простор од 5.000 метри квадратни. Во неа, на едно место се собрани околу 10.000 кактуси, од повеќе од 1.400 различни видови кои потекнуваат од Канарските острови, Америка и Мадагаскар.

Денеска, на крајот од работната недела ви препорачувам една видео прошетка низ оваа импресивна градина...


5/18/2010

Прошетка низ едно царство

Денеска ве носам на видео прошетка низ сукулентното царство на Jeff Pavlat, член на Austin Cactus & Succulent Society.

Додека се восхитувате од изобилството на кактуси и сукуленти кои ќе ги сретнете низ неговите фасцинантно уредени двор, тераса, стакленик...ќе ја слушнете и неговата приказна за откривањето на страста кон овие билки и создавањето на неговото сукулентно царство ...

5/12/2009

Рог на изобилство

Аризона е позната по убавината и спектакуларноста на кактусите кои ги има во изобилство на својата територија. Денеска преку ова 4,5 минутно видео Ве носам токму таму...уживајте во прошетката, музиката и изобилството на кактуси, други сукуленти и нивните цветови во различни бои, облици и големина.


Ви препорачувам да прошетате и до скулентната градина на Bonsai!
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...