Showing posts with label Lophophora. Show all posts
Showing posts with label Lophophora. Show all posts

3/03/2011

Русинка

Мојата дигитална колекција ја збогатувам со оваа поштенска марка со Пејоти (Lophophora williamsii) на неа. Издадена е во Русија во 1994 година, со вредност од 100 рубљи.

Photobucket

Ако имате некоја слична на овие, може да се менуваме :-), особено ако ја имате марката која била издадена во 1986 од поштата на тогашна Југославија, со голем Cereus во средината.

1/24/2011

Пејоти

Пејоти (Peyote) или Lophophora williamsii (Лофофора вилијамси) е кактус кој со векови се користи поради психоделичните ефекти кои ги предизвикува при неговото конзумирање. Од цветовите на кактусот понекогаш се развиваат розеви овошки, кои личат на феферонки и имаат сладок вкус. Растението има мали, црни семки на кои им треба влажност и топлина за да изртат. Токму тоа е една од главните причини зошто овој кактус се поретко може да се најде на своите природни наоѓалишта. Нивниот број се намалува и поради нивната комерцијална експлоатација. Пејоти содржи многу типови на фенетиламин алкалоиди, од кои најзастапен е мескалинот. Сите видови од родот Lophophora во природа растат многу споро, често им се потребни и до триесет години додека да почнат да цветаат (до тој момент без коренот имаат големина колку едно топче за голф).

Оние видови кои ги одгледуваат луѓето растат значително побрзо. Вообичаено им се потребни шест до десет години од никнувањето додека да ги дадат првите цветови. Поради многу спориот раст на Пејоти и прекумерното берење, се смета дека постои опасност од истребување на овој кактус.

Пејоти е и тема на есејот "Врати на перцепција (The Doors of Perception)" од Aldous Huxley. Токму овој есеј го инспирирал Jim Morrison да и го даде името на својата група The Doors.

Кактус на денот 24/11 е...

Lophophora williamsii

Photobucket

кој беше и Кактус на денот 138/09.

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii
Народнo имe: Peyote, Mescal Button, Dumpling Cactus, Peyotl, Jiculi
Синоними: Echinocactus lewinii, Lophophora williamsii var. lutea, Echinocactus williamsii var. luteus, Mammillaria lewinii, Lophophora williamsii var. lewinii, Lophophora lewinii, Anhalonium lewinii, Lophophora jourdaniana, Lophophora diffusa ssp. fricii, Peyotl zacatensis var. fricii, Lophophora fricii, Lophophora williamsii var. echinata, Lophophora echinata, Lophophora lutea, Mammillaria williamsii, Anhalonium williamsii, Lophophora williamsii var. fricii
Потекло: Тексас и Ново Мексико во САД и централниот дел на Мексико
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Мај до Септември
Висина: до 6 cm
Дијаметар: до 12 cm

Photobucket

Одгледување:
Пејоти е мал кактус без стебло, кој расте добро во секој супстрат со добра дренажа. Се одгледува на места кои се директно изложени на сонце. Освен во зимскиот период, бара редовно полевање. Притоа супстратот се остава целосно да се исуши помеѓу две полевања. Минималната температура на која е препорачливо да се чува во текот на зимата е 8 °C, а во краток временски интервал може да толерира и пониски температури.

Photobucket

Размножување:
Се размножува со семе и од израстоци.

Надворешен линк: Oвде

Освен во основниот вид, Пејоти може да се сретне и во повеќе други сорти и форми...

Lophophora williamsii var. caespitosa

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii var. caespitosa
Народнo имe: Peyote, Mescal Button, Dumpling Cactus
Синоними: Lophophora williamsii f. caespitosa
Сезона на цветање: Пролет до есен
Висина: до 15 cm

Lophophora williamsii f. cristata

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii f. cristata
Народнo имe: Crested peyote, Crested Lophophora
Висина: до 15 cm

Lophophora williamsii var. texana

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii var. texana
Народнo имe: Peyote, Mescal Button, Dumpling Cactus
Синоними: Lophophora williamsii f. texana, Lophophora williamsii subsp. texensis
Боја на цветот: Розева, светло розева
Сезона на цветање: Пролет до есен
Висина: до 15 cm

Lophophora williamsii f. variegata

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii f. variegata
Народнo имe: Peyote, Mescal Button, Dumpling Cactus
Сезона на цветање: Пролет до есен
Висина: до 15 cm

<a href="http://s281.photobucket.com/albums/kk221/KAKTUSARNICA/?action=view&amp;current=LophophorawilliamsiivartexanaSmall.jpg" target="_blank"><img src="http://i281.photobucket.com/albums/kk221/KAKTUSARNICA/LophophorawilliamsiivartexanaSmall.jpg" border="0" alt="Photobucket"></a>

2/26/2010

Пејоти: Божествениот кактус

Фото галерија на ретките и загрозени кактуси од видот Пејоти (Lophophora williamsii) кои во природата може да се најдат само во одредени делови на Мексико и Јужна Тексас....
Песната која оди во позадина е Peyote Ceremony (Tor Cheney) која Индијанците ја изведуваат во Пејоти ритуалот...

5/18/2009

Пејоти

На барање на ми текна, денеска во КАКТУСАРНИЦА еден по многу нешта популарен кактус. Меѓу другото тој е тема и на есејот "Врати на перцепција (The Doors of Perception)" од Aldous Huxley, а токму овој есеј го инспирирал Jim Morrison да и го даде името на својата група The Doors.

Кактус на денот 138/09 е...

Lophophora williamsii

Photobucket

Пејоти (Peyote) е мал кактус без стебло. Со векови се користи поради психоделичните ефекти кои ги предизвикува при неговото внесување.Од цветовите на кактусот понекогаш се развиваат розеви овошки, кои личат на феферонки и имаат сладок вкус. Растението има мали, црни семки на кои им треба влажност и топлина за да изртат, што е и една од причините за тоа што се поретко може да се најде на своите природни наоѓалишта. Нивниот број се намалува и поради нивната комерцијална експлоатација. Пејоти содржи многу типови на фенетиламин алкалоиди, од кои најзастапен е мескалинот. Сите видови од родот Lophophora во природа растат многу полека, често им се потребни и до триесет години додека да почнат да цветаат (до тој момент без коренот имаат големина колку едно голф топче). Додека оние видови кои ги одгледуваат луѓето растат значително побрзо. Вообичаено им се потребни шест до десет години од никнувањето додека да ги дадат првите цветови. Поради многу спориот раст на Пејоти и прекумерното берење, се смета дека постои опасност од истребување на овој кактус.

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Lophophora
Вид: L. williamsii
Народнo имe: Peyote, Mescal Button, Dumpling Cactus, Peyotl, Jiculi
Синоними: Echinocactus lewinii, Lophophora williamsii var. lutea, Echinocactus williamsii var. luteus, Mammillaria lewinii, Lophophora williamsii var. lewinii, Lophophora lewinii, Anhalonium lewinii, Lophophora jourdaniana, Lophophora diffusa ssp. fricii, Peyotl zacatensis var. fricii, Lophophora fricii, Lophophora williamsii var. echinata, Lophophora echinata, Lophophora lutea, Mammillaria williamsii, Anhalonium williamsii, Lophophora williamsii var. fricii
Потекло: Тексас и Ново Мексико во САД и централниот дел на Мексико
Боја на цветот: Розева
Сезона на цветање: Мај до Септември
Висина: до 6 cm
Дијаметар: до 12 cm

Photobucket

Одгледување:
Овој кактус расте добро во секој супстрат со добра дренажа. Се одгледува на места кои се директно изложени на сонце. Освен во зимскиот период бара редовно полевање, при што супстратот се остава целосно да се исуши помеѓу две полевања. Минималната темепература на која е препорачливо да се чува во текот на зимата е 8 °C, а во краток временски интервал може да толерира и пониски температури.

Размножување:
Се размножува со семе и од израстоци.

Надворешен линк: Oвде

7/03/2008

Халуциноген туризам

Во рамки на текстовите на македонски јазик за кактуси, сукуленти и се што се врти околу нив, а кои успеав да ги најдам досега, Ви го пренесувам и овој за Халуциноген туризам, кој бил објавен на on.net во 2007 година…а сега, во екот на туристичката сезона уште повеќе ќе го поттикне Вашиот (аван)туристички дух...

Популарноста на романот “Страв и параноја во Лас Вегас” се покажа штетна по посевите на Peyote (Lophophora williamsii) во северно Мексико, бидејќи од издавањето на романот до денес, туристите не престануваат да доаѓаат во пустините и да го уништуваат овој вид на кактус.

Photobucket

Масовната потрага по Peyote започна во текот на ’70-те години, откако писателот Хантер С. Томпсон детално ги опиша неповторливите халуциногени искуства кои ги нуди кактусот. Од тогаш, туристите од целиот свет не престануваат да доаѓаат во северно Мексико за да можат со часови да халуцинираат во пустината.

Photobucket

Иако Peyote атракцијата му донесе голема заработка на мексиканскиот град Реал де Каторсе, сепак локалните власти предупредуваат дека неконтролираната жетва на растението го загрозува неговото природно живеалиште. Потребни се 10 до 15 години за да се регенерира растението.

Тоа особено ги засегнува индијанските шамани кои го користат Peyote при своите ритуали. Во текот на последните неколку години, Индијанците од племето Виксарика се потешко го наоѓаат халуциногениот кактус, поради што побараа од владата нивниот регион да биде прогласен за заштитена зона.

5/13/2008

Како за почеток

Photobucket

Одамна пред стапнување на првите Европјани на тлото на Новиот свет, кактусите одиграле значајна улога во животот на домордското население. Индијанските племиња го користеле плодот на катусите за различни намени, ги јаделе меките делови на стеблото, ги обработувале дрвенастите делови и во разни цели ги употребувале влакната од кактусите.

Меѓутоа, кактусите имале и друго значење. При религиозните обреди, важен реквизит бил мексиканскиот кактус Echinocactus ingens. Тој служел како олтар, каде на долгите боцки на кактусот била положувана човечка жртва. Некои помали видови на кактуси истотака имале големо религиозно значење и биле употребувани како амајлии, затоа што индијанците верувале во нивната натприродна моќ. Lophophora williamsii, Mammillaria lasiacantha, Ariocarpus fissuratus и други, имале улога на талисмани кои ги носеле луѓето за да ги штитат од громови, болести и други несреќи. Mammillaria lasiacantha се верувало дека го штити и имотот од кражби. Според верувањето, крадецот на работи кои биле под заштита на овој кактус, ќе го стигне казна во форма на лудило. Lophophora williamsii поради своето наркотично дејство бил неизбежен на сите свечености. Модерните хемиски анализи покажале дека тој кактус навистина содржи многу алкалоиди со силно дејство. Според ова, разбирливо е зошто и европските морепловци се заинтересирале за катусите. По враќањето во Европа тие ги носеле со себе како подароци. Некаде се започнало и со нивно одгледување, кое било успешно само со кактусите од видот Opuntia. Овие кактуси брзо се одомаќиниле, најпрво во Шпанија, а потоа се рашириле и по целото Средоземје. Покрај видот Opuntia, биле донесени и кактуси од видот Melocactus, но нивното одгледување не било така успешно.

Вистинското одгледување на катусите започнало во триесетите години од деветнаесетиот век, кога спорите едрлици биле заменети со брзите парабродови. Тогаш се појавуваат и првите собирачи на кактуси, ботаничари-специјалисти со славни колекции, стручна литература, како и соодветни комерцијални организации. Главниот центар на интересирањето за кактусите во тоа време била Франција. Ширењето на првата “кактусарска“ епоха настанала во времето на “бидермаерот“.

По привременото опаѓање на интерсот, кој се случил кон крајот на деветнаесетиот век, се случува нов полет. Овојпат центар била Германија. Следниот период на големо и се посилно интересирање за кактусите е периодот пред Првата светка војна. Пионер на тогашната “кактусарска грозница“ бил чешкиот патник и собирач на кактуси Alberto Vojtěch Frič.

Собирањето на кактуси пред стотина години можеле да си го дозволат само богати луѓе. Во 1840 година се плаќало за увоз на видот Ariocarpus kotschoubeyanus по 200 долари. Тоа било повеќе од тежината на кактусот изразено во злато. Некои видови на кактуси биле поевтини, но сепак биле достапни само за мал бој на луѓе. Дури кога се пристапило кон одгледување на катуси од семе, цените се намалуваат. Порано збирките на кактуси содржеле претежно “увозни“ кактуси, додека денес во најголем дел тоа се кактуси размножени со семе. Тоа е и причината зошто тие денес се толку ефтини.

Интересирањето за одгледување на кактуси во светот е во постојан пораст. Тоа не е само поради нивната убавина, туку и поради можноста да се одгледуваат голем број на билки на мала површина. Причина плус е и тоа што за нивното одгледување може да се искористат прозорците и терасите, каде билките добро растат.

Денес собирањето на кактуси е развиено во невидени размери, не само во Европа, туку и во Јапонија, Северна Америка и во многу други краеви на светот. Насекаде постојат илјадници организирани љубители на кактуси. Неорганизирани ги има уште повеќе.

Во Македонија исто така има голем број на неорганизирани одгледувачи и колекционери на кактуси. Овој Блог го отворив со цел да дадам свој придонес кон нивното организирање и отворање на можност за комуникација помеѓу себе, размена на искуства, информации, знаења, семиња, билки...стекнување на нови пријателства!

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...