Showing posts with label сонце. Show all posts
Showing posts with label сонце. Show all posts

3/02/2011

Кактусите и сукулентите во март

Март е време кога кактусите и другите сукуленти кои ги чувате дома, треба да почете да ги преместувате на места каде што има повеќе сонце или барем поблиску до прозорците.

Изложеноста на поголема светлина продуцира поголема топлина, која пак од друга страна го поттикнува развојот на нивниот корен. Супстратот сеуште се одржува сув.

Повеќе може да прочитате во Календар за кактусар(к)и.

4/01/2010

Внимателно со сонцето

Доколку сеуште не сте го направиле тоа (и доколку имате услови)...

...време е Вашите кактуси и други сукуленти да ги пренесете на местата (прозор, тераса, двор…) каде што ги чувате во топлиот период од годината (пролет-лето-есен).

Photobucket

...тоа треба внимателно да го направите бидејќи може да дојде до нивно оштетување, односно изгорување од сонцето. Бидејќи за кактусите и сукулентите нема кремови, лосиони или нешто слично за заштита од сонце, моја препорака е кога за прв пат во годината ќе ги изнесете надвор (особено билките кои веќе почнале да растат) еден период да ги оставите во блага сенка, односно постепено да ги привикнувате на сонцето. Ова особено важи за билки кои зимата ја поминале во потполн мрак.

Повеќе за активностите кои се карактеристични за месец Април може да прочитате во Календар за кактусар(к)и.

3/09/2009

Календар за кактусари/ки: Март

Март е време кога кактусите и другите сукуленти кои ги чувате дома, треба да почете да ги преместувате на места каде што има повеќе сонце или барем поблиску до прозорците. Изложеноста на поголема светлина продуцира поголема топлина, која пак од друга страна го поттикнува развојот на нивниот корен. Супстратот сеуште се одржува сув.

Ова е период кога временските услови обично дозволуваат кактусите да се преселат на терасите, во дворовите...но тоа треба внимателно да го направите бидејќи може да дојде до нивно оштетување, односно изгорување од сонцето. Бидејќи нема заштитни средства од сонцето наменети за кактуси, моја препорака е кога за прв пат во годината ќе ги изнесете надвор (особено билките кои веќе почнале да растат) еден период да ги оставите во блага сенка. И во случај доколку некоја билка сепак се здобие со последици од сонцето, истата пренесете ја на сенка и оштететниот дел за кратко време ќе се залечи.

Photobucket

Доколку имате посеано кактуси, треба често да ги прегледувате и доколку приметите на површината создавање на некои други култури, ведаш да ги истретирате со раствор од некој фунгицид. Доколку е во прашање некој посериозен напад, треба да го оставите супстратот да се исуши, а засеаните кактуси внимателно да ги препикирате.

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

6/02/2008

Календар за кактусари/ки: Јуни

И покрај тоа што денес, а според метеролозите и во текот на следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно, проследено со грмежи и врнежи, сепак веќе на големо мириса на лето со сончеви денови и топли ноќи. Доколку имате можност (тераса, двор), а сеуште не сте го направиле тоа, време е да ги наградите Вашите билки со полна сончева светлина и свеж воздух.

Јуни е месецот, кога кај дел од кактусите се јавуваат и првите цветови. Постојано се отвораат нови цветови, некои наутро, некои на пладне, а некои попладне.

Сега е најдобро време за сеење (се разбира доколку успеете да најдете семе, со оглед на тоа што и семето е нешто што тешко дека може да го најдете во Македонија) на видови кои се навикнати на потопли услови. Во овој период се постигнува висок степен на р’тење.

За оние поискусните кактусари или оние кои сакаат да се обидат во тоа, Јуни е месец кога може да се продолжи со калемење или прекалемување на веќе калемените билки.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...