Echinocereus viereckii (Ехиноцереус виреки) е уште еден кактус кој потекнува од Мексико.
Многу е лесен за одгледување и е особено популарен кај одгледувачите
поради неговите големи розеви или розево-виолетови цветови.
Кактус на денот 139/11 е...
Echinocereus viereckii
Фамилија: Cactaceae
Род: Echinocereus
Вид: E. viereckii
Синоним/и: Echinocereus viereckii subsp.
viereckii
Потекло: Мексико (Nuevo Leon, Tamaulipas)
Боја на цветот: Розева, розево-виолетова
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: 15-45 cm
Дијаметар: до 4 cm
Одгледување
Се одгледува во супстрат со добра дренажа на директно сонце или во блага сенка. Толерира суша и не бара многу вода. Во периодот кога расте (март до октомври) се полева редовно, но умерено. Супстратот помеѓу две полевања се остава да се исуши. Во зима не се полева и се чува во ладни простории. Просечна температура на која треба да се чува во овој период е околу 10 °C. Може да толерира температури и до -7°C.
Размножување:
Со семе, израстоци и режење.
Освен основниот вид, може да се сретнат и неколку подвидови на овој кактус, од кои најпопуларен е...
Echinocereus viereckii subsp. morricalii
Фамилија: Cactaceae
Род: Echinocereus
Вид: E. viereckii subsp.
morricalii
Народно име: Hedgehog
Синоним/и: Echinocereus morricalii, Echinocereus viereckii var.
morricalii
Потекло: Мексико
Боја на цветот: Розева, розево-виолетова
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 50 cm
Дијаметар: до 7,5 cm
Слонова грмушка може да видите
овде...слонот го нема. :-) Неа, заедно со уште 84 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во
КАКТИПЕДИЈА.