Showing posts with label Видео лекција. Show all posts
Showing posts with label Видео лекција. Show all posts

6/30/2010

Алое

Некаде на средината на минатиот месец имавте можност да прошетате низ сукулентното царство на Jeff Pavlat и да ја слушнете неговата приказна за откривањето на страста кон кактусите и сукулентите...

Вечерва преку оваа Видео лекција од него имате можност да дознаете нешто повеќе за сукулентите од родот Aloe...од каде потекнуваат, како се одгледуваат...


неговата приказна за откривањето на страста кон овие билки

6/14/2010

Необични, атрактивни и популарни

Cindy Arredondo од Desert to Tropics повторно гостин во КАКТУСАРНИЦА. Во денешната Видео лекција ќе презентира повеќе видови на необични, атрактивни и многу популарни сукуленти, погодни за одгледување дома, во канцеларии, скулентни градини, дворови...

5/25/2010

Спас во последен час

Многу често се случува од преголема грижа (полевање) на кактусите и сукулентите, тие да почнат да скапуваат. Во денешната Видео лекција, Cindy Arredondo од Desert to Tropics ќе ви покаже (доколку се соочите со таков проблем) како да ги спасите вашите билките...

5/11/2010

Полевање

Златно правило при полевање на кактусите и сукулентите, е “што помалку, тоа подобро“. Можеби понекогаш билките ќе “патат“ поради недостаток на вода, но нема да угинат. Кога полевате тоа нека биде обилно. Водата треба да истече од дупките, а (доколку има) тацната треба да се испразни после неколку минути (кактусите не сакаат “мокри нозе“). Ако се полеваат повеќе пати по малку, тоа доведува до неправилен раст. Како што во пролет се зголемува количеството на светлина, така и билките бараат повеќе вода. Меѓутоа, многу е битно да се има во предвид дека земјата треба да се исуши помеѓу две полевања.

Повеќе за полевањето може да прочитате овде, а во продолжение може да погледнете и една Видео лекција на оваа тема...

3/31/2010

Кактуси vs. Сукуленти

Сите кактуси се сукуленти, но сите сукуленти не се кактуси...нешто повеќе за разликата помеѓу нив, во денешната Видео лекција ќе ви раскаже мојот пријател од cactusjungle...

3/19/2010

Која големина?

Во минатата Видео лекција имавте можност да научите како да ги пресадите вашите кактуси и сукуленти. Вечерашната Видео лекција повторно е на истата тема и дава одговор на прашањето “Колкава треба да биде големината на саксијата во која ќе пресадувате?“...

3/17/2010

Пресадување

Ова е период кога може да ги пресадите вашите кактуси (јас денес пресадив еден :-)) и сукуленти...како да го направите тоа имате можност да научите од вечерашната Видео лекција...

3/15/2010

Суви листови

Доколку долните листови кај вашите сукуленти се сушат, нема простор за загриженост...нешто повеќе за тоа ќе дознаете во денешната Видео лекција...

2/21/2010

Што после режење?

Во една од предходните Видео лекции имавте можност да видите како растат одрежаните делови при размножување со режење на кактуси и сукуленти. Во оваа Видео лекција имате можност да видите што се случува во меѓувреме со примарната билка од која се одрежуваат...

2/10/2010

Потреба за светлина

Какви барања имаат кактусите и сукулентите кога е во прашање светлината, имате можност да дознаете преку денешната Видео лекција...

10/30/2009

Без алата нема заната

Како и засекоја друга работа, така и за размножувањето на кактусите и другите сукуленти е потребен и соодветен алат.

Во суштина не станува збор за неки специјални алатки направени само за таа намена, туку може да се искористат и разни ножеви, ножици...денеска во КАКТУСАРНИЦА една Видео лекција за тие алати и нивното одржување.

10/17/2009

Светлина

Кога кактусите и другите сукуленти ќе се преселат во затворен простор како што е овој период од годината, освен содветна температура и полевање, поребно е да им се задоволат и одредени барања кога е светлината во прашање.

Кои се тие, дознајте преку денешната Видео лекција...


Доколку англискиот јазик ви е неразбирлив, имате можност да изберете и превод на македонски јазик.

10/04/2009

И да врне и да вее...

Генерално сукулентите најдобро опстојуваат во средини во кои има сонце, светлина, умерена влажност...но има и сукуленти кои без никаков проблем опстојуваат и во услови на ниски температури, врнежи од дожд, снег...

Во таа група спаѓаат претставници на родот Agave, Aeonium...повеќе може да дознаете во денешната Видео лекција која може да ја погледнете подолу...

9/14/2009

Билка која секој може да ја одгледува

Доколку сте ја убиле секоја билка која досега сте ја имале и желбата да имате барем една дома сеуште не Ве напуштила...време е да пробате со билката која секој може да ја одгледува...КАКТУС!

Во контекст на муабетот погледнете ја и Видео лекцијата во продолжение...

5/20/2009

Како да ги полеете засадените кактуси и сукуленти?

По малку подолга пауза, продолжувам со серијалот Видео лекција во КАКТУСАРНИЦА...

Кога одделените израстоци од примарната билка ќе ги посадите (независно дали станува збор за кактуси или други сукуленти) после неколку денови треба да ги полеете со вода. Но, бидејќи билките сeуште немаат развиена коренова маса и не се зацврстени во супстратот, полевањето треба да го направите внимателно.

Повеќе совети поврзани со полевањето може да слушнете и видите ако ја погледнете денешната Видео лекција со добро познатата кактусарка-експерт Nicole Pantaleon...

4/07/2009

Сукулентен венец

Сукулентите се билки кои освен со индивидуалниот изглед восхитуваат и со можностите кои ги нудат за креативно изразување и правење на сукулентни градини во различни облици. Денеска Ви презентирам три различни сукулентни креации во форма на венец.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Во продолжение имате можност да видите и Видео лекција од која ќе научите како се прави венец од различни видови на сукулентни билки од родот Sedum.

4/04/2009

Калемење

Во Календарот за кактусари/ки за месец Април го спомнав калемењето. Верувам дека повеќето од Вас веќе имаат видено калемени кактуси...

Photobucket

...доколку сте љубопитни и сакате да дознаете како се прават вакви сукулентни креации, погледнете ја денешната Видео лекција. Видеото е аматерско, без звук и не е со многу добар квалитет, но сепак е доволно добро за да ја сконтате финтата и да Ве поттикне да направите некој интересен калем.

3/31/2009

Како растат кактусите и другите сукуленти?

При размножување со режење и одделување на израстоци, кога ќе се одделат кактусите и другите сукуленти од примарната билка, тие веднаш не се засадуваат. Потребно е време да им се засуши и залечи раната на местото каде се одделени или одрежани. Во зависност од нивната дебелина и временските услови, тој период се движи од 10 до 45 дена во кој иако не се засадени, кактусите и сукулентите сепак растат...

...доколку сакате да дознаете нешто повеќе за процесот на растење во тој период, погледнете ја денешната Видео лекција.

3/18/2009

Како да исечете дел од сукулентни билки за размножување?

Во една од предходните Видео лекции имавте можност да научите како да одделите израстоци или оддрежете дел од примарната билка за да ги размножите своите кактуси. Денеска имате можност да научите како тоа да го направите кај другите сукуленти.

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...