Showing posts with label диета. Show all posts
Showing posts with label диета. Show all posts

7/22/2008

Необични специjалитети

Жителите на едно село на југот на Колумбија, во близина на пустината, од неодамна може да купат мармалад, колачи и други специјалитети на база на кактус, растение богато со витамини и со афродизијачки карактеристики.

Џозе Рафаел Маркез потрошил пет години спроведувајќи испитувања и експерименти за да дојде од прехранбените производи од кактус, кои потоа добиле одобрение од колумбиското Министерство за животна средина, пишува весникот „Ел тјемпо“.

- Беше тешко да се најде балансот, да се сфати дека кактусот може да се јаде, но мора да се открие кои видови се отровни, а кои се халуциногени - вели Маркез.

Министерството одобрило нивна комерцијализација зашто станува збор за пионерско користење на ова многу распространето растение во многу региони на земјата. Самоукиот Маркез, кој нема завршено ни основно училиште, вели дека од кактусите успеал да произведе 17 типа продукти, но и шминки и сапуни. Според него, во природата има повеќе од 1.600 вида кактуси богати со витамини, кои може да имаат и афродизијачки својства и да помогнат при слабеењето.

Текстот бил објавен во Дневник во 2006 година.

6/28/2008

Струк за на плажа

Во 2007 година со посредство на Макфакс повеќе медиуми во Македонија објавиле прилог со наслов Кактус за намалување на апетитот, а и на струкот.

Caralluma fimbriata всушност не е кактус, туку сукулент кој се јаде и кој племињата во Индија го користат за намалување на апетитот.

Photobucket

За да се провери делотворноста на овој сукулент и евентуалното негово влијание на промената на телесната тежина поради отсуство на глад, индиските научници спровеле истражување врз доброволци со прекумерна телесна тежина во период од два месеца, така што секој ден им давале по еден грам од сукулентот.

Се покажало дека Caralluma fimbriata навистина го намалува апетитот, но без очигледни резултати во телесната тежина. Единствено кај нив се намалила ширината на струкот.

Значи, ако во пресрет на летните одмори и разголувањето на плажа, сакате да го намалите апетитот и ширината на струкот, Caralluma fimbriata му е мајката! :-)
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...