Showing posts with label хумор. Show all posts
Showing posts with label хумор. Show all posts

9/13/2012

Принцот Кактус и КАКТУСАРНИЦА

Бидејќи деновиве бев зафатен со пишување на мојата лична бајка и со една многу слатка принцеза, дозволив КАКТУСАРНИЦА малку да се одмори и да заспие. Но, за да не претера со спиењето, па после да се бориме со мамурлукот од преспивање, решив еден убав кактус денес да ја разбуди.

Photobucket

Се надевам дека ќе се претвори во принц! :-)

5/09/2012

ОГЛАС: Се бара цимерка

Кон крајот на март оваа година, во Босна бил објавен интересен студентски оглас со прилично голем број на услови кои требало да ги исполнува потенцијалната цимерка која се барала со него. Еве како гласел огласот:

Се бара цимерка на подолг временски период, од некој од потешките факултети, да не е апсолвент, ни бруцош, природните науки имаат предност, да има многу за учење и да нема време за денгуба, тивка и мирна личност, непушач, да не гледа ТВ, да не виси на интернет по цел ден, да е добар хигиеничар, да не хрчи како коњ додека спие...воглавно, личност на која и одговара куќен ред кој во целост може да го прочитате на fakulteti.mk.

Огласот испровоцирал интерес само кај една мумија и еден кактус. Претставувањето на мумијата може да го прочитате на fakulteti.mk, а на кактусот во продолжение:

Почитувана,
Јас сум собен кактус. Барам цимер или цимерка за постојано. Благодарна билка сум, немам некои посебни барања. Треба да ме полевате еднаш на неколку месеци. Не слушам гласна музика бидејќи немам на што да ја слушам. Боцки имам но бидејќи гледам дека ти не си личност за блиски односи, тоа нема да биде никаков проблем. Ако случајно се боцнеш, до тебе е. Од работи имам само една саксија, онака смеѓа. Не ми треба голема соба, само да не сум покрај радијаторот бидејќи не ми одговара таму. Невработен сум моментално и немам никакви трошоци. Мислам дека треба да компензираме со полевањето, бидејќи нема да користам ништо за туширање и перење на облеката. Гости не ми доаѓаат никогаш. Не можам исто така да ги трескам вратите. Еднаш годишно процветувам, се надевам дека тоа нема да биде проблем?!
Подолу може да видите и моја фотографија.
Поздрав,
Кактус

Photobucket

Сеуште не е познато дали и кој од нив бил избран. :-)

2/10/2012

Депилирани и недепилирани

Ова весело друштво на боцкави кактуси и не толку весели мазни лубеници ќе ве насмее и ако го прелистате денешното издание на Вест.

Пријатно попладне и убав викенд! :-)

Photobucket

1/26/2012

Црвен рис на врвот од кактус

Carnegia gigantea важи за еден од најголемите кактуси. Потекнува од Аризона и е многу попознат како Saguaro.

Еден црвен рис во Златниот кањон во Аризона, бегајќи од една пума која го бркала, спасот го нашол токму на врвот од еден таков џиновски повеќе од 12 метри висок кактус...


1/25/2012

Кактус будилник

Некои луѓе имаат проблем да се разбудат баш тогаш кога треба да го направат тоа, односно кога ќе го слушнат алармот, го исклучуваат и си продолжуваат со спиењето. Доколу немаат некој покрај себе уште еднаш да ги потсети дека треба да станат, тие најчесто потоа се успиваат.

Доколу и вие сте еден од нив (или имате некој околу вас) со таков проблем, освен постоечкиот будилник ви треба и најмалку еден кактус... :-)

Photobucket

1/13/2012

Зелениот воден балон

Историјата на кактусите датира од времето на една од најголемите борби со водени балони, која воопшто некогаш била водена.

Во таа борба, противниците не бирале средства и начини како да стигнат до победата. Еден од борците освен водени балони, користел и игла со која ги дупчел противничките балони. Неговата стратегија се покажала како многу успешна, се додека не се соочил со еден зелен екстра цврст воден балон... :-)

Филмот кој ви препорачувам да не го пропуштите, освен што ја раскажува приказната во целост, дава и многу интересни и забавни одговори на прашањата: Како настанале кактусите?; Зошто се полни со вода?; Зошто имаат боцки? и Зошто најчесто растат сами во пустините? :-)


12/31/2011

Среќни празници


Photobucket
Среќни празници и се најубаво во Новата 2012 Година!

10/09/2011

Фрижидер турс

...туристичка агенција специјализирана за превоз на организирани групи на пингвини кои сакаат да видат кактуси :-)

Photobucket

9/14/2011

Забавно боцкање


...покрај визуелните, боцкањето е пропратено и со звучни ефекти.

9/12/2011

Гратис гушкање

...за сите пријатели и посетители на КАКТУСАРНИЦА :-)

Гратис гушкање! -

4/07/2011

Реклама за Totalgaz

Photobucket
New gas bottle Totalgaz...Otherwise, it would be to easy to instal

Оваа, заедно со поголем број на други рекламни фотографии на BBDO, еден од најголемите играчи во светот на рекламната индустрија, во поголем формат може да ги видите овде.

2/10/2011

Таа точно знае што сака

...и воопшто не се срами да каже и покаже за каков кактус станува збор :-)

Photobucket

12/09/2010

1001 мачeшка лудорија

...на 0:21 едно маче се бори со еден “опасен“ кактус ...уживајте во оваа и во останатите 1000 мачешки лудории! :-)


Благодарам Мацо! :-)

11/29/2010

Гушка

Приказна за еден кактус кој никогаш не бил гушнат...

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...