Hoya phuwuaensis
-
Hoya phuwuaensis, formerly known as Hoya sp. Phu Wua, is a striking
climbing plant with slender, cylindrical stems and thick, elliptical ...
The post Hoy...
1 month ago
Содржи дури 280 полезни состојки за човековото здравје.Датира од времето на Клеопатра
Велам пратена од боговите затоа што нејзиното име се споменува уште во Стариот завет, 6000 години пред Исус, а во нејзината комплексна структура има неверојатни 280 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Оваа билка се користела за негување на внатрешната, но и на надворешната убавина на најубавата жена на сите времиња, Клеопатра.
Неопходна во денешно време
И можеби ќе се запрашате зошто да пиеме вакви работи кога нашите баби и дедовци биле живи и здрави и без тоа? Но размислете само....Дали пред 100,200 години секое семејство имаше по 2 автомобила, на секој агол фабрика, а најново и застрашувачки експлозии на нуклеарни централи на повеќе места во светот, проследени со огромна радијација. Можеби не верувате во фаталната 2012 година, но потсвесно знаете дека индустријализацијата секој ден силно замавнува по нашето здравје. Алое верата е еден од безболните превентивни чекори кои можете да го направите уште веднаш.
Дејство
Алое верата мора да се обработи за најмногу 5,6 часа од моментот кога е скината со цел да не ги изгуби корисните состојки. Човек не треба да биде болен за да ја конзумира, но сепак докажано е дека помага при стомачни тегоби, проблеми со дигестивниот систем, кожни болести, па дури испитувањата покажаа дека има и антиканцерогено дејство во тешките случаи на лекување рак. Многуте форуми на оваа тема и сведоштвата на луѓето како Алое верата им го променила животот се доказ за нејзината благотворност. Па зошто да не пробате?