1/24/2009

Видео прошетка: Moorten Botanical Gardens

Денеска Ви нудам можност да прошетате низ Moorten Botanical Gardens...


...уживајте!

1/21/2009

Календар за кактусари/ки: Јануари

Јануари е месец кога кактусите треба да бидат во мирување. Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи од 3 до 5°C. Во деновите кога не е екстремно ладно може да проветрите. Препорачливо е еднаш неделно да ги прегледате сите билки и доколку приметите трулеж, нападнатата билка веднаш да ја изолирате и да и дадете соодветна нега. Кај кактусите и сукулентите кои се чуваат во топли простории постои поголема опасност од напад на разни штетници. Во таков случај треба ведаш да се делува и штетниците да се уништат.

Билките кои се прилагодени на потопли услови, како и кактусите и сукулентите кои растат и цветаат во зима, треба да бидат во топла средина, а супстратот да се одржува умерено влажен.

Билките кои планирате да ги пресадите може да почнете да ги вадите од земја. Притоа, премногу долгите корења треба да ги скратите, а болните делови да ги отстраните. После таа постапка препорачливо е билките да ги оставите два-три дена во топла просторија.

Доколку имате семе, јануари е период кога можете да започнете со сеење.

Сега е време кога можете да направите план за садење, да го утврдите бројот на потребни саксии...

Во слободно време можете да прочитате некоја стручна литература и се разбира да ја посетите мојата КАКТУСАРНИЦА!

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

1/19/2009

Кактус/Сукулент на 2008

Со мало задоцнување да го прогласам победникот на Изборот за Кактус/Сукулент на 2008 година на мојата КАКТУСАРНИЦА.

Имавте можност да избирате помеѓу 26 понудени сукулентини билки. Според Вашите гласови Сукулент на 2008 година е Воздушно растение (Kalanchoe pinnata).

Photobucket

1/14/2009

Засеаните кактуси наполнија 6 месеци

Полека но сигурно, Бебињата кактуси си растат и веќе наполнија 6 месеци.

Досега беа во затворен простор, но бидејќи приметив дека неколку од нив врз кои паѓале какпи од водата веќе се расипале или покажуваат знаци на скапување, решив да ги отворам и да ги оставам да растат на собна температура.

Денеска направив една фотографија...ќе приметите и еден денар, за да имате појасна слика за нивната големина :-)

Photobucket

1/05/2009

Среќен Божиќ

Здраво во новата 2009, се надевам дека добро Ви тргна во неа и Ви посакувам така да Ви се одвиваат работите и во текот на целата година!

Нема да бидам деновиве многу покрај компјутеров...

...затоа денес со оваа Божиќна фотографија (кактуси и Божиќна звезда) на сите оние кои го слават, Ви посакувам Среќен Божиќ!

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...