11/10/2008

Стаклена градина

Ако сакате да имате своја стаклена градина, еве ви идеја како да си ја направите...

Photobucket

11/08/2008

Млади дечки

Се сеќавате ли на бебињата кактуси? Ако после еден месец почнаа да ги покажуваат првите боцки, сега после четири месеци тие веќе се млади дечки кои пројавуваат желба и да боцкаат.

Photobucket

Во меѓувреме пред повеќе од еден месец, бидејќи на површината на супстратот во кој ги посеав покрај нив почна да се развива и друга зелена култура, направив уште еден експеримент...во таа фаза ги пресадив во друг супстрат. Операцијата ја извршив со пинцета и можам да кажам дека заврши многу успешно...жртви беа само неколку од нив...во моментов ги има осумдесетина и сите добро напредуваат.

Супстратот во кој сега растат е оној класичен кој го користам за сите кактуси и сукуленти. Садот е од сладолед...од капакот е исечен средниот дел, а за да биде затворен просторот и воедно да има повеќе воздух внатре, со него е прицврстена најлон кеса.

Photobucket

11/07/2008

Голем избор

Кактуси и сукуленти во Плантас! 

Има голем избор (барем вчера имаше), со одличен квалитет...малите примероци можат да се купат за 70 денари, а поголемите за 250 денари.

Може да најдете и голем избор на Каландива (хибрид на Kalanchoe blossfeldiana)

Навалете! :-)

Photobucket

11/05/2008

Секси комбинација

Овој млад љубител на кактуси преку нив креативно си се изразил и содржински си го збогатил дворот...

Photobucket

11/03/2008

Календар за кактусари/ки: Ноември-Декември

Во овој период од годината кактусите и другите сукуленти би требало веќе да бидат во затворен простор, подготвени за зимски сон. Но бидејќи времето се поремети и надвор преку ден има пролетни температури, а и ноќните не се ризично ниски, дел од моите билки се сеуште надвор. Доколку и Вашите сеуште ги чувате надвор, внимавајте на ноќните температури!

Photobucket

Доколку ги чувате билките во подрум, пред да ги сместите таму, треба да искречите, за да ги уништите сите габички кои можат да се пренесат на билките. Не знам зошто, но имам прочитано дека никогаш не смеат во истата просторија да бидат кактуси и компири!?

За кактусите и сукулентите кои се сместени во суви и ладни простории, потребна е само минимална нега. Еднаш неделно може да ги прегледате и доколку воочите некој трулеж, треба веднаш да го отсечете заразениот дел. Таквата билка треба да ја пренесте во топла просторија додека не се залечи раната.

Ова е период кога може да се направи скратување на корењата...извадете ги билките од сакасиите, исчистете го супстратот, скратете ги корењата и оставете ги неколку денови да зараснат раните. Следно што треба да направите е да ги наместите така што ќе внимавате жилите на корењата да не бидат свиткани и да ги пренесете на местото каде што ќе останат до пролет. Секоја билка посебно можете да ја завиткате во хартија и така да ги сместите во некоја кутија, куфер или сл.

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...