9/16/2008

Тазе кактуси и сукуленти

Во овој период на пазарите и цвеќарниците во Скопје, по втор пат во годината може да се најдат ептен тазе пристигнати кактуси и сукуленти. Вчера поминав на Зелено пазарче и пазарот во Буњаковец...цвеќарскиот дел е збогатен со неколкугодишни кактуси и сукуленти увезени од Холандија. Има интересни примероци со добар квалитет и солидна цена од 130 денари. На истото место може да најдете и поефтини, се разбира тие се помлади или се со послаб квалитет, а и не се тазе. :-)

Како по обичај не си заминав со празни раце, односно ја збогатив мојата збирка со три нови примероци.

Photobucket

Претпоставувам дека тазе донесени кактуси и сукуленти може да се најдат и во цвеќарниците...деновиве ако имам време ќе направам обиколка и ќе Ве информирам.

9/13/2008

Старецот

Кактус на денот, 257 е...


...кој има интересен и несекојдневен изглед и според него може да се сретне и како Old Man Cactus.

Photobucket

Photobucket

9/12/2008

Друштво на љубител(к)и на цвеќето

Не можам добро да видам дали во ова изобилство на цвеќиња има и некоја сукулентна билка...но и да нема, овојпат како поддршка на ова симпатично друштво, правам исклучок...

Photobucket

9/11/2008

Зебра

Сукулент на денот, 255 е...


...кој според изгледот е познат и како Зебра растение.

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...