8/18/2008

Календар за кактусари/ки: Август

Активностите поврзани со одгледувањето на кактуси и другите сукуленти во овој период и не се разликуваат многу од оние кон крајот на Јули.

Половината на Август е последниот рок за калемење на кактусите. Сепак, доколку сте решиле да се обидете да калемите, препорачливо е тоа да го направите порано.

Ова е период кога почнува да се содаваат поволни услови за т.н. есенска сеидба.

Кај оние кактуси кои расцветале, цветовите полека ги снемува, но затоа има се повеќе плодови. Семето може да го соберете, исчистите...штотуку собраното семе најдобро рт'и.

Кактусите сега имаат најубави и најдолги боцки, се појавуваат густи билни влакна...билките созреваат и се подготвуваат за зимски одмор. Тој процес треба да го потпомогнете со проветрување или одгледување на билките (доколку е можно) на отворено.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

8/15/2008

Повеќе течности

Во овие пеколни горештини докторите советуваат да седиме на сенка и да конзумираме повеќе течности. Кактусите и другите сукуленти не треба да бидат на сенка, но повеќе вода дефинтивно им треба. За разлика од другите цвеќиња, доколку не ги полевате почесто тие нема да се исушат, но тоа негативно ќе се одрази на нивната свежина и прирастот.

Photobucket

Поради високите температури водата испарува многу брзо...затоа внесувајте повеќе течности и полевајте ги Вашите кактуси почесто! Ако се изложени директно на сонце и полевање на 2-3 дена добро ќе им дојде.

И не заборавајте...полевајте само навечер или рано наутро!

8/13/2008

“Красота“

Мојот непостојан дописник (братучед ми) и покрај штрајкот, поради тоа што сеуште не сум му префрлил хонорар за изминатиот труд и во последно време демонстративно не ми праќа материјали...вчера направи исклучок со еден одличен линк на кој можат да се видат 25 фотографии.

Сите се многу “красиви“ и заслужуваат место во мојата КАКТУСАРНИЦА, но да не претерувам ставив само 5 од нив...останатите 20 може да ги видите ако кликнете овде.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

8/03/2008

Тегли

Ако се прашувате што да правите со Вашите стари тегли...еве Ви една идеjа!

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...